Откриено е најголемото наоѓалиште на злато во светот
Објавено во: Економија 24 Октомври, 2025 18:31
Геолозите во кинеската провинција Хунан открија едно од најголемите наоѓалишта на злато некогаш забележано во светот. Станува збор за „суперџиновско“ рудно тело под полето Вангу во округот Пингѓанг.
Се проценува дека содржи околу 1.100 тони злато, во вредност од приближно 83 милијарди долари.
Според државните медиуми, откриени се повеќе од 40 златни жили кои се протегаат до 3.000 метри длабочина, додека 3Д моделите покажуваат дека златната маса може да се спушти до 9.800 стапки (околу 3 км).
Анализите покажаа екстремно висока концентрација - дури 138 грама злато на тон руда, што е реткост дури и во најголемите рудници во светот, пишува Popular Mechanics, како што објави Biznisinfo.
Доколку се потврдат проценките, новото наоѓалиште би можело да го надмине рудникот South Deep, лоциран во Јужна Африка.
Кина е веќе најголемиот производител на злато во светот, со околу 10 проценти од светското производство, но е и најголем потрошувач и увозник - троши трипати повеќе отколку што произведува.
Според изјавите на Лиу Јонгџун од Геолошкиот завод на покраината Хунан, дополнителни златни структури веќе се пронајдени во близина на главното наоѓалиште, што укажува дека вкупните резерви би можеле да бидат уште поголеми.
Глобално, светот досега ископал околу 233.000 тони злато, а дури две третини од тој вкупен износ се ископани по 1950 година.
Новото кинеско наоѓалиште, доколку го потврди својот целосен потенцијал, би можело да ги помести границите на светската рударска индустрија и дополнително да ја зајакне позицијата на Кина на врвот на светскиот пазар на злато.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања





