05 Декември, 2025
0.0374

Откуп на земјиште под легализиран објект и без урбанистички план

Објавено во: Македонија 07 Август, 2013 13:11

Добивај вести на Viber

Откуп на земјиште под легализиран објект и во случај да не е донесен урбанистички план ќе се овозможи со законските измени  на Законот за градежно земјиште, што ги усвои Владата.

- Ова беше  едно од поголемите барања на граѓаните кои веќе си ги  легализирале објектите, бидејќи некои од општините, особено руралните, немаат донесено детални урбанистички планови. Со ова им излегуваме  во пресрет. Со измените на Законот се овозможува и во случај да нема детален урбанистички план граѓанинот што има легализирано објект првин да си го откупи земјиштето под објектот. Кога ќе се донесе планот ќе може да го откупи и останатото земјиште, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска на прес-конференција.

Тој презентира измени на законите за градење и за градежно земјиште, со кои очекува потранспарентни и поефикасни процедури во процесот  за издавање одобренија  за градење и во постапката за продажба на градежно неизградено земјиште.

Со законските измени, исто така, се дава можност да се воспостави службеност на  државно неизградено градежно земјиште, пред се за инфраструктурни објекти, како што се малите хидроцентрали.

Покрај одобрението за градење кое од 1 јуни се издава електронски, на таков начин ќе се спроведуваат и останатите постапки предвидени со Законот за градење, како што се одобренијата за реконстукција, за доградба...

Со предложените измени на Законот за градење,  како што рече Јанакиески, се овозможува од 1 ноември годинава целиот систем за одобренија за градење да биде по електронски пат, за што веќе се изготвува софтвер. По електронски пат досега се издадени пет одобренија за градење,  со просечен рок од 25 дена. Претходно одобренијата се издаваа во просек за 45 дена.

Според Јанакиески, генерално сите општини се подготвени за електронско издавање на одобренијата. - Кај дел од општините има неподготвеност  и проблеми, но нема да се откажеме од овој процес. Организиравме обуки  за општините и генерално сега сите се подготвени за издавање одобренија за градење. Уште на почетокот кажав дека  ќе има мали проблеми, но ги решаваме  во од. Генерално системот е одличен, над 90 проценти од општините се подготвени и нема некој поголем застој во издавањето одобренија, рече Јанакиески.

Значајна новина што се предлага со законските измени, како што информира, е што при процесот на продажба на градежното државно земјишпте по електронски пат ќе се доставуваат и апликациите.

Општините и Министерството за транспорт и врски се обврзуваат целокупната документација, како што е извод од план, нумерички податоци, имотен лист... да биде на веб апликацијата. Доколку не се ставени  тие документи самиот софтвер нема да овозможи почеток на јавното наддавање. И следењето на постапките да биде по електронски пат, наведе Јанакиески и додаде дека  по електронски пат  ќе се одвива и постапката за дооформување на градежните парцели.

Новина е и тоа што во случај на раскинување на договор 80 проценти од уплатените средства за земјиштето нема да бидат вратени. Досега се враќаше целиот износ на уплатени средства.

Министерот Јанакиески очекува предложените законски измени да бидат усвоени од Собранието најдоцна до крајот на октомври годинава.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите