28 Септември, 2024
0.0409

ОТПИС НА ДОЛГОВИ: дискриминаторска мерка или решение за еден голем проблем?

Објавено во: Анализа 21 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Ќе се отпишуваат долговите на социјално ранливите групи граѓани - ова е првата мерка што ја усвои новата Влада. Законот кој треба  да помине во Собранието, предвидува отпишување на долговите на најранливата категорија граѓани – корисници на социјална помош, корисници на постојана парична помош, невработени лица кои бараат работа подолго од 12 месеци, лица изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или поради инвалидитет. Со отписот на долговите се очекува да бидат опфатени 50-100 000 грагани.  Каква е процедурата за отпишување на долговите Невработените и лицата изложени на социјален ризик можат да го остварат правото на отпис на долговите под услов во 2013 година заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.600 денари, колку што изнесува годишниот износ на минималната плата, како и да не поседуваат друг имот, освен станбениот објект во кој живеат. „Откако ќе биде донесен закон за отпис на долгови во Собранието, министерството за финасии ќе објави јавен повик до ЕВН, компаниите за топлинска енергија, банките, МРТВ, нотари и извршители за склучување на договор за еднократно отпишување на долгот. Потоа министерството за финасии ќе ги повика должниците да достават барање за отпис на долгови. Тоа граѓаните ќе треба да го сторат во центрите за социјална работа во местата каде живеат“, објасни премиерот Никола Груевски.   Колку ќе го чини буџетот проектот отпис на долгови Премиерот Никола Груевски неодамна изјави дека оваа мерка ќе чини околу 12 милиони евра буџетски пари. Вчера при обелоденувањето на решението немаше конкретен податок. „Се работи за неколку милиони евра за кој што имаме план како да се обезбедат. Парите ќе бидат од буџетот за следната година“, изјави вчера Груевски. Во април блокиран повеќе од 182 илјади жиро сметки Вкупниот број на блокирани жиро-сметки  во април изнесува  182 055 жиро сметки, покажуваат податоците од Народната банка на Македонија. Од нив 119 033 се блокирани сметки на физички лица, а останатите 63.000 се сметки на фирми. Блокираните жиро сметки се по основ на извршни решенија за неплатени обврски кон банки или пак долгови меѓу самите фирми, но и долгови кон државата. Најголем дел од блокираните сметки на граѓаните се по основ на неплатени сметки за струја, парно, вода, радиодифузна такса, рати за кредити. Извршителите очекуваат на краток рок подобрување на социјалната позиција на граѓаните Компаниите доверители претходно веќе остварија средба со претставници на министесртвото за финансии. Иако, за комората на извршители оваа идеја е реално изводлива, сепак за нив првично нејасно беше како точно ќе се дојде до тоа кому да му бидат отпишани долговите. „Оваа одлука несомено може да значи стимулирање на граѓаните да не ги враќаат долговите, затоа што имавме такви примери досега, кога фондот за пензиско и инвалидско осигурување спореведуваше слични проекти. Сепак, на краток рок ова решение ќе ја подобри социјалната позиција на граѓаните, но и на доверителите“, изјави Гордан Станковиќ, прв човек на Комората на извршители. ЕВН Македонија ги подржува иницијативите за намалување на енергетската сиромаштија Постои голем простор каде што може да се работи со институциите, заедно со сите кампањи, акции кои ЕВН Македонија веќе ги спроведува за да се подобри наплатат која оди во нагорна линија. Не може да се каже конкретна бројка на должниците, затоа што секојдневно се менува состојбата, некои од граѓаните ги подмируваат обврските, а други пак влегуваат во категоријата должници. Конкретно за новиот проект за отпис на долговите, владините служби ќе ги утврдат критериумите и со ниввните законски решенија ќе моѓе да се реализира оваа акција. ЕВН Македонија ќе го испочитува и ова и ја подржуваме акцијата да им излеземе во пресрет на оваа категорија граѓани. ЕВН Македонија генерално ги почитува сите инцијативи за намалување на енергетска сиромаштија, затоа што многупати и ние сме правеле слични иницијативи“, изјави Атанас Ковачевски од ЕВН Македонија.  За дел од експертите оваа мерка е дискриминаторска „Економски не сум приврзаник на таквите мерки. Во последно време спектарот на мерки на политичките партии, како што е отпис на долгови е директно мешање во пазарната економија сокривајќи се зад плаштот на социјална политика. Второ ова се интервентни мерки и не е трајна. Јас сум противник на такви мерки, затоа што се дискриминаторски во економска смисла, на ваков начин може да се создаде дисторзија на системот и може да се случи пред било кои избори граѓаните да не ги плаќаат сметките“, изјави неодамна за 24 Вести, универзитетскиот професор, Никола Поповски. Р. Ф