19 Декември, 2025
0.0387

ОТВОРЕН БАЛКАН – ОТВОРЕНА ПОКАНА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ОСТАНАТИТЕ ЗЕМЈИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2022 10:42

Добивај вести на Viber

Добредојдовте во македонскиот и балкански бисер, Охрид. Иницијативата Отворен балкан е заложба за подобар живот на нашите народи и веќе ги дава првите резултати. Зелената лента на граничните премини ни  овозможува полесен проток за продуктите, а наша трајна цел е со овие зелени ленти да се отстрани целосно чекањето на границите, преку елиминирањање на бариерите, преку подобрување на меѓусебната доверба... Со овие зборови премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, го отвори самитот „Отворен балкан“.

Тој посочи дека проектот доби силна поддршка од сите деловни заедници од Западен Балкан за што им се заблагодари и посочи дека ќе бидат потпишани меморандуми за соработка кои ќе придонесат за создавање на еден пазар на труд меѓу трите земји кои се дел од „Отворен балкан“.

-  Со создавање на еден пазар на труд се надеваме дека младите ќе останат во регионот, наместо да ни бегаат во странство. Исто така ќе имаме и нова платформа за туризам, со која сакаме на светот да му ги понудиме убавините на трите земји, почнувајќи од плажите во Албанија, селскиот туризам во Србија и езерските и планинските убавини на Македонија – посочи Ковачевски.

Беше најавен и меморандум за соработка меѓу администрацијата, за полесен проток на луѓе и стока, а Ковачевски приликата ја искорити да ги покани останатите земји кои не се дел од проектот за да се вклучат во него.

-  Сите во отворен балкан сме уверени дека оваа иницијатива ќе стане се попривлечна. Тука сме со претседателите на Србија и Албанија и поканата важи и за Црна Гора, и отстанува и понатаму за БиХ и Косово, приклучете се за поголем успех за нашите земји и за нашите граѓани – посочи Ковачевски.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ исто така се осврна на иницијативата и на придобивките од неа, .

-  Немаме барања, спрема никого, освен да сме пријатели и да сроработуваме во интересот на нашите граѓани. Посебна благодараност на Оливер Вархеј што е тука со нас, на иницијативата за подобар живот на грѓаните на балканот.  Сите отанати се добредојдени, па би сакал со суштина да ги пополниме нашите односи, да се договориме како да ги подобриме односите, но и да разгледаме како да си ги подобриме односите на полето на енергетиката, да ги забрзаме сите наши заеднички проекти, забрзување на работните дозволи, да видиме што бараат коморите и што можеме да направиме за нив, за полесен проток на капитал и на луѓе. Горд сум што од иницијативата која ја поведовме, денес веќе покажува резултати, ние мора и треба да се поддржувме едни со други и затоа останува поканата и за останатите земји да се вклучат во оваа иницијатива од која сите ќе имаме бенефит – посочи Вучиќ.

Премиерот на Албанија, Еди Рама исто така се осврна на придобивките за сите земји од регионот од проектите кои се преземаат, но и од потребата сите земји од регионот да се вклучат во неа. 

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии