15 Мај, 2024
0.0276

Македонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Тим од студенти ќе работи на развој на апликации за дигитализација

 Студентите добиваат можност да го развијат својот професионален потенцијал

Македонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти, составен од тим од студенти кои ќе работат на развивање на апликации за дигитална трансформација. Освен за дигитализирање на процесите на Телеком, тимот ќе работи и на други иновативни апликации, кои ќе имаат за крајна цел – дигитализација на општеството.

Студентите, кои доаѓаат од областа на ИТ, телекомуникациите и е-бизнисот се избрани од ФЕИТ, ФИНКИ и Економскиот факултет. На почетокот тимот ќе се состои од дваесетина студенти, бројка, која со тек на време ќе расте.Најдобрите ќе имаат можност да се вработат и да стекнат интернационално искуство од најдобрата телекомуникациска компанија во земјата.Македонски Телеком гледа на дигиталната трансформација како на континуирано патување во кое ќе ги вклучи и младите луѓе кои ги следат најновите трендови и кои ќе понудат иновативни решенија.

„Ништо не може да го смени толку темелно нашиот живот како процесот на дигитализација.  А ние во Телеком сме многу сериозни кога велиме дека сакаме да сме лидер во тој процес. Ова ново партнерство е „win win“комбинација за двете страни – ние како корпорација добиваме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идеи ипрофесионален потенцијал. Работиме на откривање и изградба на професионалци и ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот  бизнис модел очекуваме да донесе позитивни резултати и тоа многу скоро -  изјави Андреас Елснер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком“.

Апликациите кои ќе ги создаваат студентите треба да придонесат најпрво кон поедноставување на работните процеси во Телеком, а се очекува со тек на време, со ваквиот начин на работа  да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.

За новиот тим Телеком опреми простории по теркот на светските технолошки гиганти, за да имаат инспиративни услови за работа.


Можеби ќе ве интересира

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за првиот квартал од 2024 година