Отворен нов клуб на пензионери во општина Центар
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2013 14:18
Градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ денеска го отвори петтиот клуб на пензионери, лоциран на улица „Водњанска“ број 28, во реновираните простории на урбаната заедница „Кочо Рацин“. Клубот е со површина од 46 метри квадратни и ќе работи од понеделник до петок, од 10 до 14 часот.
Извршена е реконструкција на просториите и пензионерскиот клуб е комплетно опремен и содржи просторија со маси и столчиња, има реквизити за социјални игри – табла, шаховски и домино комплети, кујна и тоалет, обезбедени од општина Центар.
- Општина Центар постојано ги следи потребите на граѓаните и се труди секогаш да им излезе во пресрет. Пензионерите од општина Центар во никој случај не треба да бидат заборавени и ние како општина се трудиме да им обезбедиме содржини кои ќе им бидат интересни, места што ќе претставуваат забавно катче каде пензионерите ќе се среќаваат, ќе се дружат и квалитетно ќе го поминуваат слободното време, рече Тодоровиќ.
Со отворање пензионерски клубови, нагласи Тодоровиќ, ја покажуваме потребната грижа и помош за оваа категорија на граѓани.
- Општина Центар има развиено дологорчна стратегија чија крајна цел е овозможување што поудобен живот на луѓето што ни ја оставија општината во наследство, изјави Тодоровиќ.
На отворањето на клубот присуствуваа претседателот на Сојузот на пензионери на Град Скопје, Крсте Ангеловски и претседателот на Здружението на пензионери на општина Центар, Павле Спасов.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија





