05 Декември, 2025
0.0442

Отворен новиот објект на Стариот театар во Скопје

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2013 20:01

Добивај вести на Viber

По неколку години одложување, а како дел од проектот „Скопје 2014“ денеска свечено беше отворен Стариот театар во Скопје. На отварањето присуствуваше целиот политички врв, но и голем број уметници и луѓе од фелата. За министерката за култура Елизабета Kанческа-Милевска, изградбата на театарот е гордост за цела Македонија. „Во изградбата на овој театар е вложена голема посветеност, многу енергија и љубов, големо знаење на многу луѓе, голема поддршка од граѓаните, разбирање на политичките структури и најважното – голема љубов од сите нас заедно. Македонија денеска се препознава како среќна театарска земја“, изјави Kанческа-Милевска. На ова се надоврза и премиерот Никола Груески кој додаде дека стариот театар е дел од колективната меморија на сите носталгичари. „Новиот театар ќе го негуваме како универзално средство за зајакнување и за претставување на нашите уметнички способности во целиот свет. Најзаслужни за тоа што е изграден се граѓаните на Македонија. Денешниот датум ќе остане со златни букви во поновата културна историја на Македонија“, изјави Груевски. Според директорот на МНТ, Дејан Лилиќ,  пет децении МНТ и публиката беа во потрага по новиот дом, а стариот театар за Лилиќ, отвора нова страница од театарската историја. Стариот театар е изграден на кејот на реката Вардар од левата страна, на местото каде што до земјотресот постоеше скопскиот театар.Иако според првичните најави требаше да чини 6 милиони евра, неколку години подоцна сумата рипна на најмалку 20 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите