28 Септември, 2024
0.0293

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

Објавено во: Мои пари 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

А1 Македонија и оваа сезона ги отвора вратите за најдобрите студенти за програмата A1 WayUp, кои добиваат исклучителна можност својата кариера да ја градат во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг.

A1 WayUp е препознатлива програма што нуди одлична можност за младите да започнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти. Практикантите што ќе станат дел од тимот на А1, ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијатаво поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици.

Програмата е платена и трае 6 месеци, со полно работно време од 40 часа, а официјално започнува на 1 октомври.

Oд денес до 28.7.2024 г. отворени се апликациите, а сите заинтересирани може да пратат кратка биографија и да се пријават за една од позициите предвидени во програмата.

Процесот на селекција ќе се изврши во согласност со потребните компетенции и вештини на кандидатите, дополнителна евалуација на компетенции и тестови за лични карактеристики, а селектираните кандидати ќе бидат повикани на финално интервју за детално запознавање со сите услови за работа.

Сите заинтересирани кандидати може да се пријават на следниот линк и да бидат дел од A1 WayUp – Generation ’24.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

Доживеј ја трансформацијата на природата во есента на најдобар можен начин, во најубавото можно место во Македонија

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

ГРИН МАШИНС на БРАКО доби златен медал на Меѓународниот технички саем во Пловдив

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

Вина „Монтеко“ – ризница од вкусови со уникатен печат

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

ДА ГО ОБОИМЕ СВЕТОТ ВО БОЈАТА НА ВРАНЕЦ: По шести пат се одбележува Светскиот ден на вранецот

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Серијата Galaxy S24 се проширува со S24 FE: Врвно искуство кое ги прави сите функции на Galaxy AI достапни за повеќе корисници

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата

Третата годишна конференција „Ingram & Vendors Networking #3“ ги постави темелите на најновите стандарди во ИТ индустријата