19 Декември, 2025
0.0523

Отворен саемот за туризам, бројот на гости во земјава расте

Објавено во: Економија 25 Април, 2013 19:51

Добивај вести на Viber

Од денеска до 27-ти април, сите информации за туристичките аранжмани и оператори ќе бидат претставени на овогодишниот саемот за туризам „Скопје Травел Маркет“. „Скопје травел маркет 2013“ е вистинско место за промоција на атрактивни дестинации за патување, но уште повеќе и место за средби на туроператори, туристички агенции од регионот и пошироко, сопственици на туристички објекти, стручни и професионални туристички организации и здруженија, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, туристичко-угостителски комори,   рече министерот за економија Ваљон Сараќини во за време на отварањето.
Тој истакна дека годинава е зголемен буџетот за субвенционирање на организираниот странски промет на 60 милиони денари, а има раст и кај субвенциите за нискобуџетни летови каде се обезбедени средства од 86 милиони  денари за годинава, односно 135 милиони денари за 2014 година.
Според Сараќини, добар знак е зголемувањето на бројот на туристи и посетители од соседните држави и од регионот и од европските земји.Иако сезоната во Македонија почнува подоцна, веќе е зголемен бројот на туристите во февруари 2013, во однос на истиот месец лани за 8,7 отсто, а бројот на ноќевања е зголемен за 10,3 отсто, информираше министерот. На саемот за туризам годинава учествуваат тур-оператори од Србија, Турција, Црна Гора, Унгарија, Албанија, Грција, Северен Кипар и Италија, а покрај традиционалните туристички аранжмани, годинава за првпат се претставени туристички оператори за верски туризам. Поттик за ова манифестација е тоа што туризмот е значајна стопанска гранка, која има суштествена улога во економскиот развој, привлекувањето нови инвестиции, отворање работни места, промовирање на културните вредности и на природните богатства.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд