19 Декември, 2025
0.0489

Отворена фабриката Гришко, 300 нови вработувања и балетанки за цел свет

Објавено во: Економија 02 Март, 2013 21:00

Добивај вести на Viber

Денеска во демирхисарско село Слепче беше отворена фабриката за изработка на балетски обувки, а како дел од реномираната руска компанија „Гришко“. Станува збор за гринфилд инвестиција, а во првата фаза треба да се вработат 80 лица .

Според премиерот Никола Груевски, фирмата ГРИШКО ја одбра токму Македонија за својата нова фабрика благодарение на владините роуд шоуа и одличните можности за инвестирање во земјава.Тој пнајави и дека во втората фаза од оваа инвестиција е планирано да се отвори и втората фабрика во градот Демир Хисар која ќе вработува дополнителни 200 лица, а ќе биде сместена во поранешната болничка женска зграда.

„Со тоа ќе се заокружи една голема инвестиција за Демир Хисар, инвестиција која ќе го заживее и позитивно ќе го раздвижи регионот. Инвестиција која ќе донесе придобивки како за нововработените и нивните семејства така и за другите македонски компании од текстилната и чевларската индустрија кои ќе соработуваат со ГРИШКО, подвлече премиерот Груевски и најави дека во фабриката ќе се вработуваат и лица со попреченост во развојот. За сопственикот на компанијата, Николај Гришко било задоволство да се инвестира во Македонија. „Ветивме дека ќе отвориме нови работни места и оваа фабрика е потврда за тоа. Од денес јас сум Македонец, жител на оваа прекрасна земја. Морам да ви признам дека корупцијата и криманалот се отсутни во земјава и не верував дека такво нешто може да постои“, рече Гришко искажувајќи особена благодарност за поддршката на владиниот тим во реализирањето на инвестицијата. Со последната инвестиција во Македонија, обемот на  руски директни инвестиции расте и во моментов тие изнесуваат 400 милиони долари, информираа од рускиот дипломатски кор. Како што информираа македонските владини претставници, Гришко е светски реномирана компанија и една од трите светски лидери во производство за балетска, чевли за сите танцови стилови, облека за фитнес јога и други слободни спортски активности. Поседува пет фабрики, а производството го пласира во 70 земји во светот.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар