ОВА БЕШЕ ЖЕЛБАТА НА ПАПАТА: Дали ќе биде погребан како што тој сакаше?
Објавено во: Свет 21 Април, 2025 16:47
Папскиот погреб традиционално е сложен процес, но папата Франциск неодамна ги одобри плановите за поедноставување на целата процедура за неговиот погреб, јавува Би-Би-Си.
Погребите на врховните поглавари на Римокатоличката црква, по традиција, вклучуваат три ковчези - направени од чемпрес, олово и даб, но папата Франциск избра да биде погребан во едноставен дрвен ковчег обложен со цинк. Тој, исто така, ја укина традицијата за поставување на телото на папата на подигната платформа, позната како катафал во базиликата Свети Петар, за јавноста.
Наместо тоа, ожалостените ќе бидат поканети да му оддадат почит додека неговото тело е во отворен ковчег.
Франциск, исто така, ќе биде првиот папа по повеќе од еден век кој ќе биде погребан надвор од Ватикан - неговите посмртни останки ќе бидат положени во базиликата Санта Марија Маџоре, една од четирите главни папски базилики во Рим, соопшти британскиот јавен сервис.
Ватикан во видео-соопштение претходно денеска објави дека папата Франциск почина на 88-годишна возраст. Папата Франциск беше првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




