Добивај вести на Viber
Магнатот од Хонгконг, Ли Ка-Шенг, кој неодамна изјави дека нееднаквоста во светот го држи буден во текот на ноќта, создава следен имот- авантура, наменет за оние кои живеат во Хонгконг, подготвени да го купат и најмалиот стан, кој можете да си го замислите.
Од 26-ти јули компанијата на Ли ќе почне да продава "микроапартмани" за суми помеѓу 250 000 до 260 000 долари!
196-те минијатурни апартмани се дел од поголем проект за 1.071 стан и се всушност меѓу најевтините во Хонгконг. Интересно е дека се со површина од помалку од 18 квадратни метри.
Најмалиот од становите е со површина од 16,4 квадратни метри, од кои 9 квадратни метри дневна соба, 1,2 квадратни метри кујна и речиси 3 метри бања. Тоа е само за 50% повеќе од затворските ќелии во Хонгконг.
Хонгконг е еден од најпознатите пренаселени градови во светот и третото најскапо место за купување на дом. Ова е една од причините поради кои тој стана познат по исклучително малите места за живеење - од малечки простории кои служат за станови до кабини и студија кои се толку мали што можат да бидат снимани само од таванот.
Досега компанијата на Ли - Mont Vert, која е насочена кон семејства од средната класа, доби повеќе од 4 200 молби за 196-те станови, кои се продаваат во рамките на првата фаза од развојот на проектот.
Ова се случува и покрај фактот што купувачите не ги ни разгледале становите, кои сакаат да ги купат. Законот во Хонгконг бара фирмата да ги достави сите станови на располагање за разгледување од страна на потенцијалните купувачи. Компаниите сепак можат да го заобиколат ова правило, ако докажат дека разгледувањето не може да се случи. Во случајот на Mont Vert зградата е сеуште во изградба, па нејзината посета може да биде опасна.
Некои жители на Хонгконг тврдат дека цените се премногу високи за станови со такви димензии.
Други критики кон компанијата, која го остварува проектот, се дека зградата не се наоѓа во центарот на градот, туку во северната област која е најмалку час возење од центарот. Освен тоа изградбата е започната на земјиште, кое претходно беше обработливо. Изградбата се наоѓа на север од гробишта и централа.
К.К.