Ова се 11-те симптоми на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Август, 2020
Aмериканскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC, Centers for Disease Control and Prevention), oбјави листа која вклучува единаесет симптоми на коронавирусот.
Зголемена телесна температура, кашлица и краток здив беа првите три „официјални“ симптоми.
Дополнети се со затнат нос или течење од носот, мачнина или повраќање, како и дијареја.
За симптомите на списокот, се смета дека се јавуваат два до 14 дена по изложеноста на вирусот, но списокот не го вклучува секој можен симптом на Ковид-19.
На пример, некои пациенти имале невообичаен осип на кожата, а тука е и опаѓање на косата. Официјалниот список постојано ќе се дополнува како ќе пристигнуваат нови информации. Засега на него има само 11 симптоми. А, тоа се:
Зголемена температура и/или треска
Ова е еден од најчестите знаци на Ковид-19. За малку покачена температура се смета дека е над 37,2, покачена над 38, а многу висока над 39.
Кашлица
Пациентите често кашлаат суво. Ова значи дека тие не исфрлаат никакви секрети, слуз или плунка кога кашлаат.
Краток здив
Вообичаено е кај тешки случаи на Ковид-19. Може да варира во сериозноста – од краток здив при нормална активност (како на пример одење по скали) до проблеми со дишењето и во мирување.
Замор
Може да се чувствувате исцрпени, поради борбата на телото против вирусот. Овој напор во одзема дел од енергијата.
Болка во мускулите и по целото тело
Тоа е типичен симптом на други вирусни инфекции, вклучително и грип, и може да биде директен резултат на зголемена температура и треска. Треската може да предизвика болка низ целото тело, како дел од реакцијата на воспалението.
Главоболка
Зголемената температура, може да доведе до долготрајни главоболки. И други несакани ефекти на болеста, како што е слаб сон, јадење мала количина храна и пиење недоволно количество течности, може да предизвика силна главоболка.
Губењето чувство за мирис и чувството за вкус
Овие симптоми се издвојуваа како невообичаени на Ковид-19, но всушност таков феномен веќе е забележан кај луѓе кои веќе се заболени од вирусот. Вирусите можат да предизвикаат воспаление на слузницата во носот, што предизвикува отекување и промени во можноста заболените да чувствуваат вкус и мирис.
Болки во грлото
САРС-КоВ-2 е респираторен вирус, што значи дека може да предизвика формирање на прекумерна слуз, која потоа тече од носот во грлото. Со постојано кашлање, овој феномен може дополнително да го иритира грлото.
Затнат нос или течење на носот
Овие се вообичаени симптоми кај други вирусни респираторни заболувања, како што се грип или обична настинка. Со Ковид-19, назалниот застој или течење на носот може да биде директен резултат на оток во ноздрите што исто така влијае на вашето чувство за мирис.
Гадење или повраќање
Не е целосно јасно зошто се појавува гадење или повраќање, но има неколку теории. Тие би можеле да бидат резултат на зголемено лачење од респираторниот тракт во стомакот, но исто така е можно дека кај некои луѓе вирусот едноставно „се однесува така“.
Дијареја
Теориите за појава на дијареја се исти како оние за појава на гадење и повраќање – можно е вирусот едноставно да се „вкорени“ во дигестивниот тракт на одредена „подгрупа“ на луѓе.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.