Ова се држави каде не е комплицирано да се добие дозвола за престој
Објавено во: Економија 15 Октомври, 2025 20:30
Меѓу државите кои нудат поволни опции за добивање дозвола за престој се Португалија, Малта, Кипар и Грција. Според консултантската фирма „Глобал Ситизен Солушнс“, постапката во овие земји не е многу комплицирана.
Португалија
Португалија е меѓу најатрактивните дестинации за оние кои сакаат да се преселат, а една од главните причини е едноставниот и транспарентен систем за добивање дозвола за престој за граѓани надвор од Европската Унија, вклучително и Македонија.
Една од најчестите опции е Златната виза, која се доделува на луѓе кои инвестираат во недвижности или започнуваат бизнис потфат во земјата. По пет години престој во рамките на оваа програма, може да се поднесе барање за постојана дозвола за престој. Покрај тоа што нуди поволни услови за миграција, Португалија се издвојува по својот висок квалитет на живот, што дополнително привлекува луѓе кои сакаат да се населат во ЕУ.
Малта
Малта е уште една земја позната по своите либерални политики за имиграција. За добивање постојан престој, постојат неколку опции, вклучувајќи инвестициски програми.
Една од најпознатите е Програмата за постојан престој на Малта (MPRP), која им овозможува на инвеститорите да добијат дозвола за престој преку инвестирање во недвижнини или преку донации во владини фондови.
Кипар
Кипар одамна е признат како дестинација со поволни услови за имиграција, иако правилата станаа малку построги во последниве години. Сè уште постои можност за добивање постојан престој преку инвестиции, преку Програмата за постојан престој на Кипар.
Овој систем овозможува добивање дозвола за престој преку купување недвижнини или други форми на капитални инвестиции.
Грција
Грција, исто така, нуди програма „Златна виза“, која им овозможува на странските државјани да добијат дозвола за престој доколку инвестираат најмалку 250.000 евра во недвижен имот.
Оваа програма привлече многумина кои сакаат да се преселат во јужна Европа, а Грција се издвојува поради своето богато културно наследство и развиениот туристички сектор. За граѓаните на Македонија, административната постапка е релативно едноставна, а по одреден период на престој е можно да аплицираат за дозвола за постојан престој.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен





