Ова се најбогатите жени на светот
Објавено во: Анализа 16 Јануари, 2015 18:16
Според податоците на „Wealth-X“ во светот моментално постојат 2,325 милијардери, а само нешто повеќе од 12 одсто се жени.
Тие заедно имаат 930 милијарди долари богатство, ги има 286, а само 17 одсто од парите ги стекнале сами, т.е со свој бизнис.
Просечно имаат 61 година, а преку 65 одсто од нив богатството го стекнале преку наследство.
Најбогатата жена на светот е Кристи Валтон со богатство проценето на 39.9 милијарди долари. Парите ги наследила после смртта на мажот Џон Валтон, основач на трговскиот ланец Валмарт.
Најбогата во Европа и најстара милијардерка е Лилиана Беттенкурт, наследничка на компанијата Л,Ореал со 31,3 милијарди долари.
Џина Рајхарт, „кралицата на глобалниот пазар со железо“ е најбогата во Австралија со нешто помалку од 15 милијарди долари, додека ќерките на милијардерот Карлос Слим, Ванеса Паола, Јохана Моника и Марија Соумаја делат 6,3 милијарди долари и така се најбогати во Латинска Америка.
Најбогатата жена во Азија е Јанг Хијан, наследничката на компанијата „Country Garden“ која воедно е и најмлада милијардерка на светот со 33 години.
На Блискиот Исток „владее“ Шари Арисон, наследничката на „Carnival Corporation“, додека во Африка тоа е Фолорунсхо Алакиј, основачка на компанијата „Фамта Оил“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





