Ова се најдобрите држави за иселениците
Објавено во: Стил 27 Октомври, 2012 11:57
Добар квалитет на живот, задоволителен социјален живот, лесен транспорт и подобро домување отколку во матичната земја се причините поради кои Малезија се најде во првите 10 држави во кои странците лесно се интегрираат. Како пречка овде се посочува јазикот.
9. Јужна Африка
Рангирана како деветта, Јужна Африка добива пофалби од страна на иселениците во голем број на области: добра рамнотежата кариера-приватеност, брзо сместување и добра здравствена заштита, одлични временски услови и брзо интегрирање во заедницата (со што се согласиле 67% од испитаниците).
8. Бермуди
Оваа земја постигна особено добар резултат пред се поради квалитетот на животот, како што е можноста за високи приходи, но и можноста за евтино поседување брод или јахта. Голем плус за испитаниците е одличното време и близината на местата.
7. САД
По нивното преселување во САД, 63% од иселениците почувствувувале дека нивниот квалитет на живот се подобрува. На 57% од нив им се допаѓа климата и пејсажот, 49% од анкетираните изјавиле дека лесно се стекнуваат пријатели, а74% велат дека тие би сакале да останат тука засекогаш.
6. Шпанија
И покрај тоа што 92% од доселениците во Шпанија се загрижени од економската состојба, ретко кој од нив сака да се пресели од државата, а најголем дел велат дека активно се обиделе да го научат локалниот јазик (што е клучен фактор за интеграција). 71% од анкетираните доселеници исто така кажале дека нивната исхрана е подобрена откако пристигнале во Шпанија.
5. Нов Зеланд
Иако лани Нов Зеланд беше на врвот на оваа листа, сепак годинава се најде на високото 5-то место. Оценет е како мошне пријателска земји, пред се поради лесната достапност на работа, брзо стекнување пријатели, добра клима и можност да се заработат пари.
4. Канада
Оваа земја е рангирана како топ дестинација за одгледување на деца во овогодинешното истражување, но исто така се најде на врвот поради љубезноста на локалните жители (пофалба од 62% од доселениците) и социјалната интеграција.
3.Велика Британија
И покрај ниската економски доверба на иселениците во Обединетото Кралство, 71% од нив сакаат да останат овде засекогаш. Исто толкав процент се согласиле дека брзо се интегрирале во локалната заедница.
2. Австралија
Иселениците кои живеат „на крајот на светот“ во голема мера се задоволни од животот во Австралија, пред се поради пријатната клима и брзата социјална интеграција со локалното население. 73% од доселениците изјавиле дека се многу добро прифатени и на новото работно место, а имаат и подобра рамнотежата работа-живот, отколку во нивните претходни држави..
1. Кајмански Острови
„Нема приходи и даноци, летото трае цела година, нема криминал и нема загадување", забележува шкотскиот иселеник Стив Мектош. Кајмански Острови ги имаат сите погодности на градот, но заедницата е тесно поврзана меѓусебе.Тоа е причината зошто повеќето луѓе кои доаѓаат тука на кратко, остануваат цел живот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





