04 Декември, 2024
0.0285

ОВА СЕ НАВИСТИНА МНОГУ, МНОГУ ПАРИ - за да ја купите Комерцијална банка треба да искеширате 665 милиони евра

Објавено во: Финансии 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Ако врвот на македонскиот бизнис е дефинитивно сконцентриран меѓу котираните и најтргуваните компании на Берзата, тогаш месечниот берзански билтен е еден навистина интересен извор на информации за тоа кој е и каде во моментов во својата деловна активност, успешност и перспективи.

Секако, една од најатрактивните информации е и таа која компанија има највисока пазарна капитализација, што всушност ја покажува моќта на нејзината акција и растот на цената, бидејќи токму пазарната капитализација покажува колку некој инвеститор би требало да плати за една компанија или банка хипотетички, доколку сака сите нејзини акции да ги купи во еден ден.

А, заклучно со март годинава, Комерцијална банка избива на прво место според висината на нејзината пазарна капитализација.

Или, на крајот на март годинава, за кога е и последниот податок од берзанскиот билтен, Комерцијална банка според својата пазарна капитализација тежела цели 665 милиони евра. И тоа, ова важи за март кога просечната цена на оваа акција била 17.254 денари, а само за илустрација, акцијата на таа банка вчерашниот ден го затвори со цена од 18.453 денари за акција.

Податокот за пазарната капитализација Берзата го дава во својот месечен билтен за март, во делот кој се однесува за најтргуваните акции.

Притоа, треба да се истакне дека акцијата на Комерцијална банка била и убедливо најтргуваната за март годинава и со неа е направен вкупен промет од 3,55 милиони евра, или над 52 проценти од вкупниот берзански мартовски промет.

А, веднаш на втората позиција е нашиот телекомуникациски гигант, „Македонски телеком“, компанија која според податоците за март кои ги добивме од Берзата, на крајот на третиот месец од годинава имала пазарна капитализација од близу 655 милиони евра. Или, толку би се добиле пари доколку во исти ден се продадат сите акции на тоа акционерско друштво. Инаку, акцијата на „Македонски телеком“ секогаш е меѓу најтргуваните на берзата.

Практично, овие две компании имаат највисоки пазарни капитализации, над 600 милиони евра, или двете заедно тежат огромни 1,32 милијарди евра.

НЛБ Банка има пазарна капитализација од 552 милиони евра, или толку пари би се добиле доколку се продадат сите акции на банката во еден ден.

А, фантастична пазарна капитализација има и нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“, и тоа 475 милиони евра на крајот на март оваа година, покажува билтенот на берзата. Просечната цена на акцијата на оваа успешна компанија на крајот на март била 20.253 денари за акција. Како што е познато, оваа акција е секогаш во врвот на најтргуваните акции на берзата, а конкретно во март била втора. Со неа е направен фантастичен промет од 1,3 милиони евра и тој учествува со близу 19 проценти во вкупниот. Вчера акцијата на „Алкалоид“ затворила со 20.572 денари за една акција, што покажува дека цената продолжува да расте.

Следуваат Стопанска банка Скопје со пазарна капитализација од 429 милиони евра, додека, пак, нафтениот гигант „Макпетрол“ на крајот на третиот месец од годинава имал пазарна капитализација од 124 милиони евра.

УНИ Банка има пазарна капитализација од 62 милиони евра, додека, пак, веднаш зад неа во првите топ позиции како и секогаш е градежниот гигант „Гранит“, чии акции доколку би се продале во исти ден, би се инкасирала сума од 61 милиони евра.

Фармацевстката компанија „Реплек“ има пазарна капитализација од 44 милиони евра, ТТК банка има 23 милиони, додека, пак, „Витаминка“ од Прилеп на крајот на март имала пазарна капитализација од 13 милиони евра.

Потсетуваме дека овде станува збор за пазарните капитализации на акционерските друштва чии акции биле најтргувани на берзата во март оваа година, како што покажува билтенот на берзата, со исклучок на „Телеком“ кој во март не влегол меѓу најтргуваните, но ги објавуваме податоците бидејќи оваа компанија секогаш е меѓу главните водечки позиции.

Тоа значи дека некои акционерски друштва можеби имаат и повисоки пазарни капитализации од споменативе на листата, но не се меѓу најтргуваните нивните акции, и затоа не се најдоа на овој список.

Инаку, сите котирани компании на берзата во март имале пазарна капитализација од 4,29 милијарди евра, што е раст за 2,96 отсто во однос на претходниот месец.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го појача возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра