30 Март, 2025
0.0256

Oва се непожелните гости на албанските плажи

Објавено во: Балкан 14 Август, 2019 15:42

Добивај вести на Viber

Албанците од Албанија не сакаат Албанци од Косово и Северна Македонија на нивните плажи.

Албанската полиција распиша потерница по двајца нејзини државјани заради поттикнување омраза, а за двајцата постојат сомненија дека ја напуштиле земјата и највројатно се засолниле во соседните земји, пренесува телевизјата Ора њуз.

Веста која ја пренесуваат и другите албански медиуми, повикувајќи се на порталот Инсајдер, наведуваат дека преку два видео записи тие упатуваат закана кон Албанците муслимани од Косово и Северна Македонија да не доаѓаат на одмор на албанското крајбрежје бидејќи „ќе бидат живи дерени, како што тоа им го правеле Србите на Албанците во Косово“.

Покрај ова и други навредливи зборови, Албанците муслимани од двете земји, кои заминале на одмор на плажите во Албанија, ги нарекуваат „валкана и карцерогена раса“.

Медумите наведуваат дека овие видеа што циркулираат на социјалните мрежи предизвикале голема вознемиреност меѓу Албанците од двете земји.

„По спроведените процедурални активности полицијата ги идентификуваше двете лица кои употребуваат говор на омраза. По  Антон Зефи (39) од Хот, Голема Малесија, и Луиѓ Марку (36) од Калмет, кај Лежа, распишана е потерница откако е утврдено дека се надвор од територијата на Република Албанија“, соопшти државната канцеларија за борба против тероризам.

Албанскиот Кривичен законик за кривичното дело „поттикнување омраза и нетрпение“ предвидува казна од две до 10 години затвор.

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Турски инспектори како патници ќе го следат работењето на возачите на автобусите

Турски инспектори како патници ќе го следат работењето на возачите на автобусите

ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИКА ВО КЛУБ ВО ЗАГРЕБ – „ИСКЛУЧЕТЕ ГО ОВА“: Српската пејачка Барбара Бобак ја прекина песната

ПОРАДИ КОРИСТЕЊЕ НА ПИРОТЕХНИКА ВО КЛУБ ВО ЗАГРЕБ – „ИСКЛУЧЕТЕ ГО ОВА“: Српската пејачка Барбара Бобак ја прекина песната

ДОДИК НАПИША МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – „СТИГНАВ“: Уште нема информација каде е пратседателот на Република Српска

ДОДИК НАПИША МИСТЕРИОЗНА ПОРАКА – „СТИГНАВ“: Уште нема информација каде е пратседателот на Република Српска

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ И ВО СРБИЈА: Луѓето кои живеат близу Јадар велат дека се спремни да го евакуираат добитокот

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Водостојот на реката Сана се искачи на 435 сантиметри

ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор

ВОЕНА СОРАБОТКА МЕЃУ ХРВАТСКА, КОСОВО И АЛБАНИЈА: Милановиќ објасни за каков тип на сојуз станува збор

(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река

(ВИДЕО) ТУЗЛА: Полицајци бркале сомнително лице, по што завршиле во надојдената река

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна

(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ НИВИ И ДВОРОВИ: Се излеаја реки во Босна

КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив

КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив