Oва се непожелните гости на албанските плажи
Објавено во: Балкан 14 Август, 2019 15:42
Албанците од Албанија не сакаат Албанци од Косово и Северна Македонија на нивните плажи.
Албанската полиција распиша потерница по двајца нејзини државјани заради поттикнување омраза, а за двајцата постојат сомненија дека ја напуштиле земјата и највројатно се засолниле во соседните земји, пренесува телевизјата Ора њуз.
Веста која ја пренесуваат и другите албански медиуми, повикувајќи се на порталот Инсајдер, наведуваат дека преку два видео записи тие упатуваат закана кон Албанците муслимани од Косово и Северна Македонија да не доаѓаат на одмор на албанското крајбрежје бидејќи „ќе бидат живи дерени, како што тоа им го правеле Србите на Албанците во Косово“.
Покрај ова и други навредливи зборови, Албанците муслимани од двете земји, кои заминале на одмор на плажите во Албанија, ги нарекуваат „валкана и карцерогена раса“.
Медумите наведуваат дека овие видеа што циркулираат на социјалните мрежи предизвикале голема вознемиреност меѓу Албанците од двете земји.
„По спроведените процедурални активности полицијата ги идентификуваше двете лица кои употребуваат говор на омраза. По Антон Зефи (39) од Хот, Голема Малесија, и Луиѓ Марку (36) од Калмет, кај Лежа, распишана е потерница откако е утврдено дека се надвор од територијата на Република Албанија“, соопшти државната канцеларија за борба против тероризам.
Албанскиот Кривичен законик за кривичното дело „поттикнување омраза и нетрпение“ предвидува казна од две до 10 години затвор.
фото Википедија
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




