18 Декември, 2025
0.1480

ОВА СЕ ЗБОРОВИТЕ НА ВУЧИЌ, КОИ ГРМЕА ВО ОН: Принципите не важат само за посилните и не се менуваат од прилика до прилика, историски говор на српскиот претседател

Објавено во: Балкан 22 Септември, 2023 06:39

Добивај вести на Viber

Вчера, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одржа историски говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Вучиќ во својот говор истакна дека принципите не се менуваат од прилика во прилика и дека Србија го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на сите членки на оваа организација.

- Принципите не се менуваат од прилика до прилика. Принципите не важат само за посилните, принципите важат за сите. Ако тоа не е така, тогаш тие веќе не се принципи. Затоа верувам дека во современиот свет или ќе се воспостават принципи, па за сите ќе важат истите правила или ќе завршиме како свет во најдлабоките поделби во нашата историја, во најтешките конфликти и во проблемите од од кои нема да излеземе. И во таков свет, верувам дека една мала земја како Србија, кревајќи го својот глас и борејќи се за универзална валидност на принципите на неповредливост на меѓународно признатите граници, територијален интегритет, суверенитет и политичка независност, дава пример за борбата за правото, кое е укинато овде, во оваа зграда и со својата мала сила, но огромна решителност и храброст ги штити принципите на кои треба да се гради светот. Не сменивме принципи заради дневната политика и сопствените потреби. Како што го штитиме интегритетот на Србија, така го штитиме и интегритетот на секоја земја членка на ОН – рече претседателот.

По говорот, претседателот Вучиќ се огласи на Инстаграм каде посочи дека Србија ќе биде сигурен партнер за сите, подготвена за соработка, компромис и одбрана на меѓународното право, но дека ќе се бори прво за интересите на Србија и животот на српскиот народ.

Ова се зборовите кои грмеа во Њујорк и ќе останат запаметени како еден од најзначајните говори во историјата на Србија, пишуваат српските медиуми.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)



Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен