ОВА СЕ ЖЕНИТЕ ОД ВИДЕОТО ПРАТЕНО ОД ВИЕНА: Се истражува дали со нив е двегодишната Данка Илиќ! Покрената е истрага

Објавено во: Балкан 01 Април, 2024 07:35
На видеото снимено во Виена од Србин кој живее и работи во главниот град на Австрија, а на кое се гледа девојчето за кое се сомневаат дека е исчезнатата Данка Илиќ (2), се гледаат и две жени кои ја придружувале. Австриската полиција покрена истрага, а покрај девојката се трага и по жените од снимката за кои се сомнева дека се романски државјанки.
Имено, српската полиција, како што напиша Курир, во ноќта меѓу саботата и неделата добила мејл од Виена во кој наш граѓанин наведува дека видел девојче кое наликува на исчезнатата Данка и ја опишува сцената на која бил сведок.
- Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов како дете бега и вреска. Прво набљудував, а потоа почнав да снимам. Сè се случи на една трамвајска станица. Со детето имаше две жени кои меѓусебно разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговори - вели во мејл Србин од Виена, кој потоа испратил и видео од детето до полицијата во Белград.
Според нашиот извор од истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција.
- Тие веднаш реагираа и одговорија на сите барања кои им беа препратени. Остварена е соработка, а локалната полиција започна истрага и се надева на позитивен исход - вели изворот.
На видеото се гледа девојче на возраст од Данка во бела и розова јакна со цуцла во устата, а до неа е зелено-сина патничка чанта „Најк“.
Данка Илиќ беше пријавена за исчезната во вторникот на 26 март во 13 часот и 45 минути.
Според мајката Ивана Илиќ, девојчето исчезнало во моментот кога отишла до автомобилот да му даде вода на својот тригодишен син. Од тој ден на Данка и се губи секаква трага.
– Данка на денот на исчезнувањето носеше виолетова тренерка, маслинесто-зелена јакна и црни патики, а косата и беше врзана во опавче – потсетува изворот на Курир.
Извор и Фото: Курир.рс
Можеби ќе ве интересира
Србија мора да врати камион на турска фирма кој се користел за превоз на мигранти, пресуди ЕСЧП

Србија и Железницата мора да им платат по 43.000 на семејствата на жртвите од Нови Сад

И ОВА ГО ИМА ВО СРБИЈА: Куќа од 120 квадратни метри се продава за 25.000 евра

СЕ ПОВЛЕКУВА ПОЗНАТ АВТОМОБИЛ ОД ПАЗАРОТ ВО СРБИЈА! Еден од најпродаваните во земјата

„Немаше лекар во здравствениот дом ниту педијатар“: Детали за случајот со починатото 15 месечно бебе на Халкидики

„КРАЈНО ГРУБО И АРОГАНТНО ОД ГРЧКАТА ПОЛИЦИЈА, СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО БАНДИТИ“: Лошо искуство на турист од Србија во Пефкохори

ТРАГЕДИЈА МУ СЕ СЛУЧИ НА СРПСКО СЕМЕЈСТВО: Бебето им почина на одмор во Грција

ХРВАТСКА ОПШТИНА ГО СТИМУЛИРА НАТАЛИТЕТОТ: Исплаќаат и по 31.000 евра како помош

„ОСТАВААТ ХАОС ЗАД СЕБЕ И НЕРЕД КОЈ БАРА ЧИСТЕЊЕ СО ЧАСОВИ!“Српските туристи на удар на издавач на апартмани во Грција
