Ова село во Турција земјотресот буквално го преполови: Снимките од воздух се нереални
Објавено во: Свет 15 Февруари, 2023 10:04
Колкави штети претрпе ова село во земјотресите најдобро покажуваат воздушните снимки на кои се гледаат пукнатини во земјата
Селото Гокчедер во Газиантеп буквално беше преполовено од разорните земјотреси што ја потресоа Турција на 6 февруари.
Снимките од селото покажуваат дека земјата се поделила на половина и дека се формирал кратер широк речиси еден метар.
Gaziantep Nurdağı'na bağlı Gökçedere köyünde, deprem sonrası yarıklar oluştu
— Halk TV (@halktvcomtr) February 15, 2023
„Ова го видовме утрото по земјотресот. Мислевме дека апокалипсата започна кога почна да се тресе“, изјавил еден од жителите.
Колкави штети претрпе ова село во земјотресите најдобро покажуваат снимките од воздух, на кои се гледаат пукнатини во земјата.
Во земјотресот уништени се гробиштата и бројни куќи.
Нури Џихан, кој е роден и живее во селото, вели дека мештаните се обидуваат да ги пополнат пукнатините со лопата на земја и со помош на трактори.
Gaziantep Nurdağı'na bağlı Gökçedere köyünde depremde fayın yarattığı kırılma yarıklara neden oldu.
— Vaziyet (@vaziyetcomtr) February 15, 2023
Metrelerce uzunluktaki fay kırığının neden olduğu yarıklar havadan görüntülendi. pic.twitter.com/SwYrK9Qof5
„Кога почна земјотресот почнавме да бегаме надвор со децата. Од дома ги извлековме и мојот сосед и брат ми. Кога престана видовме дека куќата на вујко ми е уништена. Тогаш овде врнеше, се обидувавме да разбереме што се случува“, рекол Џихан.
Тој вели дека првиот ден никој не дошол во селото.
„Никој не можеше ни да помине. Па, секој беше во својата агонија. А потоа ги видовме уништените гробишта... Не можевме да направиме ништо, ова е таква природна катастрофа“, рече Џихан.
ФОТО: Твитер принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




