27 Март, 2025
0.0407

„ОВАА ДРЖАВА ИМА ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ, ПОЛОВИНА СЕ ВО СТРАНСТВО, ДРУГИТЕ ВО ДУПКИТЕ“: жителите на Кочани бараат револуција на свеста

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 06:19

Добивај вести на Viber

Еве што порачаа вчерашните учесници на собирот во Кочани по големата трагедија во која животот го изгубија дури 59 лица. Иако протестот беше со молк и без транспаранти, а откако ги поминаа улиците низ центарот на Кочани, граѓаните завршија пред зградата на Општина Кочани, сепак, испратија моќни пораки до јавноста, но и до политичарите. 

Мотото на протестот беше „Молкот зборува најгласно“, а граѓаните стоеја мирно и испратија симболична порака дека бараат одговорност за трагедијата којашто уништи неколку генерации млади луѓе.

Револтот во граѓаните кои долги години молчат пред неправдите овој пат го искажаа со видна вознемиреност поради трагедијата која ги снајде. 



Тие упатија и благодарност до сите пријателски држави кои на лекување ги примија повредените од пожарот. Во пораката до институциите беше нагласено дека граѓанските протести и собири не се за менување власт, туку повик за менување на свеста против начинот на кој функционира целиот систем во државата.

„Ние во Кочани секогаш сме биле разумни и рационални луѓе, а проблем е што ова е гнил систем кој не функционира. Ако кренеш глава за правда ќе те избркаат од работа, ќе те наместат, ќе те затворат. Системот не функционира веќе 30 години, но ние немаме намера да рушиме власт. 

Оваа држава има прекрасни луѓе, но половината се во странство, а другите, нашите најдобри интелектуалци ги ставивме во дупките во земја. Сега ќе имаме и работа и фирми, но немаме деца. Не бараме револуција за промена на власт, туку бараме револуција за менување на нашата свест. 

Да се свестиме и да прекинеме со партиските поделби, да почнеме од овој момент да создаваме нормално општество. Во сите партии има прекрасни луѓе, но тие се во десеттиот, единаесеттиот ешалон. Што треба да се случи полошо од ова, кога веќе немаме ништо. Ако умре овој град, барем нека се спасат другите градови“, рече Влатко Здравко, учесник во маршот.

Учесниците на маршот се разотидоа мирно и најавија дека ќе продолжат со собирите и барањата за институционално решавање на трагедијата во Кочани.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ