Оваа професија никогаш не била побарана во Германија: Заработка до 4.650 евра
Објавено во: Економија 21 Септември, 2025 10:27
Од пандемијата на коронавирусот, нивната работа е официјално признаена како системски важна, а платите се доста конкурентни во споредба со другите професии.
Според германскиот RTL, почетната плата на машиновозачот е повеќе од 3.500 евра.
По повеќедневниот штрајк во март 2024 година, синдикатот GDL доби зголемување на платата. Новите тарифни договори важат од април 2025 година: почетната бруто плата сега е околу 3.500 евра месечно, што е зголемување во споредба со претходните 3.300 евра.
Конечниот износ што вработениот го добива на сметката варира, главно поради работното време.
На платата се додаваат многу додатоци - за ноќни смени, работа за време на викенди и празници.
Така, вкупниот месечен приход лесно може да надмине 4.000 евра.
Платите исто така се зголемуваат со искуството - на секои пет години платата се зголемува за околу 100 евра.
Така, машиновозач со 30 години искуство може да заработи до 4.650 евра месечно.
Професијата машиновозач не е крај на кариерниот пат.
Амбициозните работници можат да добијат дополнително образование и да ги преземат функциите на диспечер, специјалист или надзорник за железнички сообраќај.
foto EPA/ARSHAD ARBAB
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




