Овации за К-15 по првото спектакуларно шоу во живо, со кое одбележуваат 30-годишен јубилеј
Објавено во: Стил 17 Мај, 2025 10:28
Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ вечерва ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години К-15. Вечерта помина многу музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви, но и неочекувани нови скечеви, со кои се коментираше и сегашната состојба во земјата – духовито, храбро и препознатливо по стилот на К-15.
Посебна реакција предизвикаа громогласната изведба на „Ти си некаде“ од Цацко и раскажувањето на „Кичмата“, пеглањето на Тошо, Климе, Тошо и појавувањето на Бапчо.
Целиот настап беше придружуван од голем оркестар со над 30 врвни музичари, диригирани од маестро Џијан Емин, кој стои зад оркестрациите на песните на „Дуо Трио“, а публиката имаше можност да чуе и сосема нова песна. Режијата е дело на Синиша Евтимов, кој ја обликуваше вечерта во вистинско театарско и музичко доживување.
Ова е само првата од трите планирани вечери – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски артист: три последователни настапи во најголемата арена во земјава.
Саботното „Второ полувреме“ е распродадено, но остануваат уште мал број билети за третата вечер, кои може да се купат на www.kupikarta.com или на билетарницата во „Борис Трајковски“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





