02 Декември, 2024
0.0337

Овчари му затропаа на Љупчо Николовски

Објавено во: Агробизнис 20 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Овчари денеска дојдоа на мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и побараа средба со министерот Љупчо Николовски за да му се пожалат дека губат од 2.000 до 5.000 евра годишно во последно време.

Тие имале намера да му пренесат на ресорниот министер дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални им биле и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне.

Одгледувачите на овци биле примени од Благојче Веселиновски, советникот за сточарство на министерот, кој за МИА објави дека нивните барања ќе бидат разгледани и дека во моментот на нивното пристигнување во министерството таму не бил министерот па им било укажано да го почекаат бидејќи е на состанок.

– Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Отворени сме за средба со МЗШВ и благодарни сме што не примија. Но, очекуваме во текот на разговорите да присуствува и министерот Николовски, изјави Митко Јанков, одгледувач на овци од Велешко.

Протестот го поддржуваат Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.