ОВДЕ Е НАЈДЕНО НАЈГОЛЕМОТО НАОЃАЛИШТЕ НА ЗЛАТО ВО СВЕТОТ: Вреди неверојатни 76 милијарди евра
Објавено во: Економија 02 Декември, 2024
Кина објави дека го открила најголемото познато наоѓалиште на злато во светот, чија вредност се проценува на повеќе од 76 милијарди евра.
Депозит во рудникот за злато Вангу, кој се наоѓа во централна Кина, би можел да содржи повеќе од 1.000 тони злато, објавија кинеските државни медиуми, повикувајќи се на Геолошкиот институт во провинцијата Хунан, пишува Индепендент.
Според институтот, 40 златни вени - долги и тесни пукнатини во карпи исполнети со метал - биле откриени на длабочина од околу 1.600 метри во округот Пингјанг, провинцијата Хунан.
Само овие вени би можеле да содржат околу 300 тони злато, а подлабоките слоеви би можеле да сокријат уште поголеми резерви, тврдат геолозите, пренесува Тпортал.
„Многу од карпите кои беа земени во примерокот покажаа видливи траги од злато“, вели Чен Рулин, геолог и истражувач од Институтот за геологија.
Истражувачкото дупчење на работ на наоѓалиштето откри дополнителни резерви на злато, што сугерира дека може да биде дури и поголемо од првично проценето.
Севкупно, оваа област би можела да содржи повеќе од 1.000 метрички тони злато, што, според сегашните пазарни цени, би вредело повеќе од 600 милијарди јуани или околу 78 милијарди евра.
Б92* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.