Овие шефови вредат за секој цент кој го заработуваат
Објавено во: Анализа 03 Април, 2014 08:18
Некои директори пак им донесоа феноменални профити на компаниите. Regeneron Pharmaceuticals, Netflix, Gilead Sciences и PCP Precision Castparts се меѓу првите 15 компании во однос на враќање во минатата деценија во S & P 500. Цената на акциите на Regeneron се зголемиле 20 пати. Но дури и тоа не е ништо во споредба со рекордот на Berkshire Hathaway на долг рок. Акциите на империјата на Ворен Бафет денес котираат 9000 пати поскапо отколку во 1965 година, кога Бафет го презема управувањето.
Оваа година во листата влегуваат осум нови извршни директори, вклучувајќи ги Спрехер од ICE, Марк Цукерберг од Facebook, Ричард Андерсон од Delta, Рид Хестингс од Netflix, Сон од Softbank, Марк Донеган од Precision Castparts, како и двајца претставници на индустријата-биотехнологијата: Џон Мартин од Gilead и Леонард Шлајфр од Regeneron. Многу од нив ги управуваат компаниите, откако тие станаа јавни.
Кој сака да остане во листата долги години, треба да одговара на строги критериуми. Дејвид Новак од Yum! Brands не успеа да го направи, бидејќи растот на добивката минатата година беше во застој поради проблеми на кинескиот пазар. Хозе Антонио Фернандез Карбахал од Femsa, мексиканската компанија за полнење шишиња на Coca-Cola, исто така, веќе е надвор од листата, бидејќи стапката на пораст на приходите во компанијата е забавена поради тешките услови во Латинска Америка.
Лари Елисон ја изгради втората по големина софтверска компанија во светот по Microsoft, но Oracle лесно би можел да биде поместен од новодојденците компании кои нудат облачно базиран софтвер. Акциите на Oracle минатата година се движеа неубедливо. Дејвид Симон, извршен директор на Simon Property Group, исто така ја напушти листата, поради побавен раст на приходите и полоша прогноза. Листата со извршни директори е меѓународна: 20 директори се од САД, шестмина - од Европа и четворица - од Азија.
Оваа листа ги одразува ставовите на новинарите на списанието, на инвеститори, аналитичари и претставници на индустријата. Од Barron's преферираат даден извршен директор да е барем најмалку пет години на чело на компанијата, бидејќи за остварувањето на влијание над една компанија е потребно време. Развојот во првите една или две години по промената на раководството може да е поврзано со одлуките на претходниот извршен директор, отколку со нови иницијативи.
Newbies во листата го покажуваат добро она што е особено импресивно за креаторите на рангирањето . Голем број инвеститори никогаш не слушнале за Precision Castparts , но компанијата која има акции во вредност од 38 милијарди долари , произведува успешно метални компоненти за млазни мотори . Донеган е во компанијата од 29 години, тој не ги покажува постигнувањата на јавноста , неговата компанија дури не располага со PR одделот . Инвеститорите сепак ги признаа силните страни на Precision Castparts , вклучувајќи профитна маргина од 18 процентни поени , кој е меѓу најдобрите во индустријата.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





