Овластени службени лица и контролори биле вмешани во „Мафија“, вели Спасовски
Објавено во: Македонија 06 Април, 2021 19:20
Овластени службени лица и контролори биле вмешани во групата од аферата „Мафија“, изјави вечерва на прес - конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Вели дека секоја криминална група има врв. Македонската полиција ќе соработува со Интерпол за случајот, и ќе има детална истрага.
„Таму каде што се движел патот на овој криминал, секој еден кој е вмешан ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.
Министерот вели дека граѓаните треба да бидат мирни, затоа што институциите на системот работат на случајот. Спасовски не кажа дали лицата со туѓ идентитет отворале банкарски сметки во туѓи држави. Од десет вмешани, девет лица се уапсени, а едното лице не е пронајдено.
Странци и еден македонски државјанин се стекнале со пасоши врз основа на туѓ идентитет, при што се злоупотребени податоци на 215 лица.Нови детали за случајот ќе бидат соопштени на друга прес - конференција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





