27 Март, 2025
0.0378

„ПАЦИЕНТИТЕ КОИ СЕ НА МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА СЕ ВО ТЕШКА, НО СТАБИЛНА СОСТОЈБА“ - во Бугарија се лекуваат 15 лица, еве како се повредените во Кочани

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 09:05

Добивај вести на Viber

Состојбата на сите 15 повредени лица во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во соседна Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ.

Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.

- Имаме двајца екстубирани пациенти, можеме да кажеме дека се во добра општа состојба, а оние кои се на механичка вентилација се во тешка, но стабилна состојба - објасни Кирилов.

Министерот дополни дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Според последните информации од Министерството за здравство, од околу 200 повредени во трагедијата што се случи пред една недела, во критична состојба се пет од 115 лица кои се на лекување во странство. Во македонските болници сите 55 пациенти се во стабилна и добра состојба и се планира девет да бидат испишани на почеток на неделава, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања. 

Како што соопшти вчера министерот за здравство Арбен Таравари подготвен е протокол според кој се очекува в среда или четврток да бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата. 

- Протоколите ќе бидат објавени на нашата веб страна, исто така ќе бидат испратени и до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, како и до сите други држави. Ќе имаме специјални екипи кои што ќе работат со овој протокол кои што ќе се придржуваат до информациите за состојбата на пациентите кои што треба да ги добиеме. Ќе има специјална екипа која што ќе ги прифаќа и специјални возила кои што ќе ги пречекаат и сместуваат во болниците. Првата тријажа ќе се направи во болницата од каде што е пуштен пациентот, па ќе бидат хоспитализирани во болници каде што треба. Доколку нема потреба ќе се пуштаат на домашно лекување -  изјави вчера Таравари. 

Тој предупреди дека кај пациенти со изгореници има ризик од развивање на инфекции и за тоа состојбата на пациентите може да флуктуира. 

- Одредени пациенти веќе добиваат антибиотици за да се превенираат тие инфекции, така што се надевам и тие што ќе пристигнат, веќе зборувавме за стерилизирање на автомобилите со кои што ќе дојдат, како и собите каде што ќе се третираат,се надеваме на што помалку компликации и подобро здравје на сите тие што ќе се вратат во државата - рече Таравари. 

Од 17-те лица повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград, две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани. Како што соопшти Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, пациентите се во добра состојба и постоперативно се без проблеми.

На шест од вкупно десет пациенти кои се лекуваат на Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници. Директорот на Клиниката, Небојша Настов информираше дека шесте пациенти на кои им е направена трансплантацијата се со трет степен на изгореници, додека кај другите пациенти продолжуваат редовните преврски и веќе во текот на наредната недела се очекува да бидат пуштени на домашно лекување. Но, како што рече, ситуацијата е флуидна и може да се смени од час во час.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ