ПАЦИЕНТИ УМИРААТ ЧЕКАЈЌИ НЕКОЈ ДА ГИ ПРЕГЛЕДА: Во Германија до толку нема медицински кадар
Објавено во: Свет 28 Декември, 2022 10:58
Најсилната економија во ЕУ е во неволја, па, колку и да
звучи неверојатно, сè потешко е да се најде сектор од економијата во кој нема
никакви тешкотии. Тања Гонер, извршен
директор на Федерацијата на германската индустрија, во интервју за весникот „Welt
am Sontag“, наведува дека „германскиот бизнис модел е под огромен притисок“, додека пак според Волфганг Грос
Ентруп, извршен директор на Германското здружение на хемиската индустрија, оваа
гранка е особено погодена, бидејќи троши многу енергија.
Германија пука речиси на сите шевови“, пишуваат тамошните медиуми.
Има безброј слаби точки, почнувајќи од недостигот на лекови, особено за децата. Нема подготовки ниту за намалување на температурата. Недостигаат кадри, особено во здравството и образованието. Во ургентните центри луѓето чекаат и до 40 часа за преглед, па, како што сведочат лекарите, „кога ќе стигнеме во собата, ќе откриеме дека луѓето лежат мртви иако не морале да умрат“. Само во одделенијата за интензивна нега има недостиг од 50.000 работници. Во училиштата низ земјава недостасуваат 40.000 наставници, а во градинките дури 100.000 наставници.
Германците во новата година влегуваат со ветување дека рецесијата ќе се намали, но конкретни гаранции за тоа нема, а во меѓувремеграѓаните се повеќе жалат за уредната татковина од ерата на канцеларката Ангела Меркел.
Можеби ќе ве интересира
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ




