ПАД НА ЕКОНОМИЈАТА: Германија влезе во рецесија
Објавено во: Економија 15 Јануари, 2024
Најголемата европска економија доживеа пад. Германија е во рецесија откако економијата се намали за 0,3 проценти во 2023 година.
Германскиот бруто-домашен производ (БДП) се намали за 0,3 проценти лани. Ова се прелиминарните бројки на Федералниот завод за статистика, што укажува дека најголемата европска економија е во континуирана рецесија.
„Вкупниот економски развој заостануваше во Германија во 2023 година во средина која продолжува да биде обележана со повеќе кризи“, изјави Рут Бренд, шефица на Заводот.
Германија има раст на БДП од 1,8 проценти во 2022 година, но значително забави во текот на ланската година.
Потрошувачката се намали во услови на постојана инфлација, а извозниците во земјата забележаа слаба глобална побарувачка за извоз, вклучително и Кина, пренесе ДПА.
Просечната стапка на инфлација за годината беше 5,9 отсто – што е втора највисока бројка од обединувањето на Германија во 1990 година. Во 2022 година, стапката на инфлација изнесуваше 6,9 проценти.
Германија во време на пандемијата на коронавирусот падна во рецесија. Инфлацијата во европските земји порасна откако почна војната во Украина, а потоа се стабилизираше.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.