Пад на европските берзи по терористичкиот напад во Брисел
Објавено во: Економија 22 Март, 2016 19:22
По терористичкиот напад на бриселскиот аеродром и во метрото, акциите на европските берзи паднаа, со што најголем пад доживеаја акциите на патничките и на авиокомпаниите, јавува „Ројтерс“.
„Геополитичките ризици, вклучувајќи ги и терористичките акции кои директно го погодуваат тргувањето или движењето на инедксот, сè уште претставуваат исклучително ризичен фактор кој треба да се следи" – велат аналитичарите.
Инвеститорите остануваат фокусирани на развојот на ситуацијата во Брисел, иако и денеска се објавени некои позитивни податоци што донесоа олеснување на перспективите на економскиот пораст на еврозоната и им помогнаа на европските берзи да излезат од длабок минус.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




