05 Декември, 2025
0.2784

Пад на осигурувањето, поради одлуката на Владата

Објавено во: Агробизнис 08 Август, 2018 09:09

Добивај вести на Viber

Интересот за осигурување од временски непогоди е во пад, особено по поплавите во скопскиот регион пред две години, поради одлуката и најавите на Владата дека таа ќе ги исплаќа штетите.

Според Агенцијата за супервизија на осигурувањето падот се должи на одлуката на владата да ги обесштети сите граѓани погодени од поплави, земјотрес и слично. Вината ја префрлаат на одлуката на владата за 100 посто субвенционирање на штетите од невреме.

И од Министерството за земјоделие потврдуваат дека има пад во купувањето на полиси за осигурување. Според Трајан Димковски, шеф на кабинетот на министерот, за разлика од 2015, кога биле продадени 5 илјади полиси за осигурување на земјиште, лани биле продадени само 2 илјади полиси. 

Инаку, според податоците од Агенцијата за супервизија на осугурувањето, во 2015 година осигурутелни полиси на земјиште купиле околу 4600 лица, а на име на обесштетување  биле исплатени 145 илјади денари. За 2016 година, осигурителна полициа имале околу 3 700 лица, а исплатени биле 99 илјади денари. Во 2017 полиса купиле само 1900 лица, а исплатена е сума од 78 илјади денари. По поплавите од 2016 забележан е драстичен пад на продадени полиси за речиси 50 проценти за осигурување од поплави и земјотреси.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?