Добивај вести на Viber
Во првите девет месеци од годинава Макстил го намалил производството а намалени се и приходите поради неповолните состојби во економијата. “Макстил во вакви сложени услови на стопанисување е принуден да врши измени во нормалниот режим на работење со воведување на мали производни кампањи заради рационализација на трошоците, но и заради спремноста да одговори на нарачките со краток рок на испорака што денес во вакви услови на работење станува производен императив, обезбедувајќи при тоа опстојување на регионалниот и светскиот пазар со цел максимално исполнување на потребите и очекувањата на купувачите, акционерите, вработените и добавувачите, притоа делувајќи како општествено одговорен правен субјект “ пишува во финансискиот извештај на компанијата објавен на берзата
Од компанијата наведуваат дека во изминатиот период биле принудени да извршат промена на веќе поставените плански производни таргети и во делот на полуфабрикатите, произведе 164.095 т. контилеани флемани слабови, за 127.970 т. помалку или 43,8% отколку во истиот период од минатата година. Во делот на готовите производи, произведени се 190.890 т. топловалани дебели лимови, што претставува намалување за 74.416 т. или 28,1% споредено со истиот период од 2011 година.
Обемот на продажба во текот на деветте месеци од 2012 изнесува 190.889 т. за 28,7% помалку од истиот период претходната година кога беа реализирани 267.667 т.
Приходите од продажба достигнаа 4.314 милиони денари, што претставува намалување од 14,7% споредено со истиот период во 2011. Од друга страна
вкупните расходи направени за продажбите зголемени за вредноста на почетните залихи и намалени за вредноста на завршните залихи изнесуваат 3.986 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година бележат намалување од 26,9%.
Компанијата со финансиска интервенција на своите принципали искажа позитивен финансиски резултат од 1.1 илјади денари.
Постигнатите резултати на Макстил АД Скопје во извештајниот период беа под силно влијание на неколку ограничувачки фактори. Пред сè, општата деловна клима на главните европски и регионални пазари и натаму е неповолна заради кризата со јавните финансии што доведе до намалени јавни инвестиции и намалување на општата деловна побарувачка. Продажните цени на топловаланите лимови на овие пазари и понатаму бележат намалување. Од друга страна, цените на влезните материјали не ја следеа динамиката на намалување на цените на готовите производи. Сепак, и во вакви услови, компанијата, во тесна соработка и координација со своите принципали, успеа да оствари позитивни резултати и покрај намалувањето на обемот на производството и продажбата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.