Добивај вести на Viber
Јенот поевтине во однос на сите главни валути во пресрет на средбата меѓу јапонскиот премиер и американскиот претседател Барак Обама. Средбата, како што пренесуваат јапонските медиуми, следува по состанокот на индустриски најразвиените земји од Г-20, каде што министрите за финансии премолчено ја поддржаа политиката на слабеење на јенот.
Од друга страна, еврото поскапе во исчекување на добрите резултати за зголемување на довербата на компаниите во Германија, која е на највисоко ниво во последните осум месеци. Индексот на институтот Ifo се очекува да се зголеми до 104.9 поени во текот на овој месец, што би било највисоко ниво од јуни.
Доларот поскапе за 0,2% во однос на јенот до ниво од 93,32 јени, а еврото се зголеми за 0,4% во однос на јенот до 123,29 јени. На неделна основа, еврото бележи пад од 1,1% во однос на доларот и 1,2% во однос на јенот. Австралискиот долар поскапе и се тргува на нивоа над 1,0300, покажува анализата на Ifo.
Канадскиот долар пак изминатата недела паѓаше пет дена по ред, во однос на американскиот долар, како резултат на падот на цените на суровините и акциите. Тоа е најдолгата губитничка серија за валутата од октомври наваму. Канадскиот долар се спушти до најниското ниво од јули, достигнувајќи ниво од 1,0185 во однос на американската валута.
Од благородните метали, златото се врати на најниско ниво од јули минатата година, што претставува пад на вредноста трета недела по ред. Стравувањата на инвеститорите за завршување на 12-годишниот бков пазар се главна причина за поевтинувањето на благородни метали.
За време на азиската сесија златото се тргуваше на ниво од 1 583,75 долари. Вчера цената на благородниот метал достигна најниско ниво од 12 јули наваму по цена од 1 555.55 долари за унца. Неделниот пад на металот достигна 1.6%.
Пад минатата недела забележа и цената на нафтата, која го имаше анјголемото неделно намалување од декември минатата година. Американски нафта со испорака во април поскапе за 45 центи до 93.29 долари за барел на тргувањето вчера, а цената на нафтата е намалена со 2,8% во текот на оваа недела.