Падна акцизата поевтине дизелот, ама точиме поскапи бензини
Објавено во: Економија 22 Декември, 2020 08:39
За половина денари поскапеа од денеска бензините од Еуросупер од 98 и од 95 октани. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од вчера, малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,550 денари за килограм.
Инаку Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека поради растот на цената на нафтата на берзата се исполниле условите да се намали акцизата за еден денар за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло.
Еве ги бензините
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 62,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,837 (денари/килограм)
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




