Добивај вести на Viber
Попладнево е прекинат штрајкот во „Кроација ерлајнс“, откако раководството на компанијата постигна договор до синдикатот на кабинскиот персонал. По осумдневниот штрајк, работата на авиокомпанијата полека се враќа во нормален тек, а според најавите од раководството, од утре ќе почнат да летаат по својот редовен распоред.
Од Синдикатот на екипажот се согласија и на продолжување на преговорите за новиот колективен договор.Според пресметките, поради
штрајкот „Кроација ерлајнс“ бележи загуба од близу милион евра.