ПАДНА ОДЛУКА, МАКЕДОНИЈА ЌЕ СКЛАДИРА ОРИЗ ВРЕДЕН 100 МИЛИОНИ ДЕНАРИ – еве што носи предлогот во Собранието
Објавено во: Економија 26 Март, 2025 07:43
Се отвара патот за складирање ориз во стоковите резерви на државата, како што веќе беше најавено во изминатиов период. Имено во Собранието стаса промена на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година. На самиот истек од програмата Владата планира да го воведе оризот како значајна култура во стоковите резерви.
- Со предложената Програма се предлага да се изврши дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021 - 2025 година со што се овозможува оризот да се опфати како производ од исклучително значење за населението во Република Северна Македонија и се создаваат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа– се наведвуа во законското решение доставено во Собранието.
Меѓу другото исто така се укажува дека со дополнувањето на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021 - 2025 година, се предлага да се утврди количината на ориз која ќе се чува како стоковни резерви во вид на оризова арпа, изразено во денови на потрошувачка.
- Во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство констатирано е дека годишните потреби за ориз во Република Северна Македонија изнесуваат 8.000 тони. Доколку во стоковните резерви се складира количина за обезбедување на 60 дневна потрошувачка, тоа би значело дека е потребно да се обезбедат околу 1.300 тони ориз во стоковните резерви или околу 2.400 тони оризова арпа за што се потребни околу 100 милиони денари – е посочено во Законското решение кое веќе е пред пратениците.
Во деталите од законското решени доставено во собрание може да се види дека со измените во членовите се додава оризот како стокова резерва.
- Во Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2021-2025 година, во делот I. во точката 3 по зборот „јачмен,“ се додава зборот „ориз,“. Во точката 4 потточка 4.1. по алинејата 2 се додава нова алинеја 3 која гласи: „- ориз за мин. 60 дена,“. По точката 5 се додава нова точка 6 која гласи: „6. Заради полесно чување и одржување, оризот ќе се чува во вид на оризова арпа. Како ориз може да се чува максимум 2 проценти од вкупната количина на оризова арпа во стоковните резерви– стои во законот.
И министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски неодамна посочи дека намерата оризовата арпа да се вметне во стоковите резерви останува.
- Многу скоро ќе биде објавен повик за набавка на 3.000 тони оризова арпа. Во делот на набавката на стоковите резерви, како држава размислуваме да се направи одредена измена, но кога ќе биде согледано кое е најдоброто решение. Важно е стоковите резерви да се полнат со македонски производи – укажа Трипуновски.
Фактор веќе пишуваше дека Владата најавува вметнување на оризот како стокова резерва, заедно со пченицата, пченката, јачменот, прехранбената сол, суровото сончогледово масло, нафтените деривати, лековите и медицинските средства.
Од власта посочуваа дека промените се прават бидејќи оризот е погоден за употреба за во „лошо“ време, но досега не бил опфатен.
- Оризот како култура е погоден за употреба во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди и еколошки катастрофи, а истиот не е опфатен со Законот, така што оттука произлегува и потребата за изменување на тој закон – беше истакнато во објаснувањата при носењето на одлуката од страна на Владата.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања





