02 Април, 2025
0.0397

КОЈ ЌЕ ГО ДОБИЕ БИЗНИСОТ СО СКЛАДИРАЊЕ ОРИЗ - покрај пченицата, нафтата, лековите..., и оризова арпа ќе се чува во стоковите резерви

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2023 07:11

Добивај вести на Viber

За не дај боже ситуации, отсега натаму земјава ќе чува и ориз во своите стокови резерви. Ако досега, за непредвидени состојби, како што се војни или вонредни состојби, или пак, елементарни непогоди и еколошки катастрофи, односно суши, поплави, земјотреси, загадувања и слично, во стоковите резерви се складираа пченица, пченка, јачмен, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства, отсега натаму на овие производи ќе им се придружи и оризот.

Од власта велат дека причина за овие промени е фактот што оризот е многу погоден за употреба за во „лошо“ време, но досега не бил опфатен.

Затоа сега ќе се менува Законот за стокови резерви, а предлог решението за тоа е веќе влезено во собраниска процедура. Дополнително ќе се утврдува колку ориз ќе се чува во резервите, колку пари тоа ќе ја чини државата и кој ќе го добие овој бизнис на складиштар на оризовата арпа.

Како што е познато, стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во Македонија.

„Оризот како култура е погоден за употреба во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди и еколошки катастрофи, а истиот не е опфатен со Законот, така што оттука произлегува и потребата за изменување на тој закон“, навеле од Владата, додавајќи дека примарна цел е да се опфати оризот како производ од исклучително значење, но и да се создадат услови за негово чување како стоковни резерви во вид на оризова арпа.

За измените е наведено дека сигурно ќе имаат влијание врз буџетот, како и дека за купување и чување на резерви ориз ќе мора да се скратат средствата од некоја друга буџетска ставка, но не е пресметано и не е наведено колку точно пари тоа ќе ја чини државава. Со оглед што не се работело за сложен и обемен закон, се предлага тој да се донесе по скратена постапка.

Како што е познато, стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во земјава, а ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.

Стоковните резерви на пченица, јачмен и пченка се складираат, чуваат и обновуваат кај складиштари кои поседуваат силоси за складирање на житни култури со капацитет од најмалку 2.000 м3 по житна култура поединечно и имаат одобрение за пуштање во промет на прехранбени производи издадено од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Стоковните резерви на сол се складираат, чуваат и обновуваат кај складиштари кои поседуваат подни магацини за чување на прехранбени производи и имаат одобрение за пуштање во промет на прехранбени производи. Стоковните резерви на сурово сончогледово масло се складираат, чуваат и обновуваат кај складиштари кои поседуваат резервоари наменети за чување на сурово масло со капацитет од најмалку 3.000 м3 и имаат одобрение за пуштање во промет на прехранбени производи издадено од АХВ.

Стоковните резерви, пак, на нафтени деривати се складираат, чуваат и обновуваат кај складиштари кои поседуваат лиценца за складирање на нафтени деривати издадена од Регулаторната комисија за енергетика согласно со Законот за енергетика. Стоковните резерви на лекови и медицински средства ги складираат, чуваат и обновуваат складиштари кои се регистрирани, односно поседуваат дозвола за вршење дејност, производство или промет со лекови и медицински средства, издадена од Министерството за здравство, согласно со закон. 

Инспекциски надзор над стоковнитe резерви на пченица, пченка, јачмен, прехранбена сол, масло за јадење и нафтени деривати, врши Државниот пазарен инспекторат, преку државни пазарни инспектори во соработка со Агенцијата. Инспекторите се овластени да земаат мостри за анализа, да ја прегледуваат стоката, количината, објектите, уредите, деловните книги, договорите, исправите и други документи што овозможуваат увид во квaлитетот, потеклото и количината на стоките, како и да донесуваат решение и да изрекуваат мерки, согласно со закон. 

Инспекциски надзор над стоковните резерви на лекови и медицински средства вршат фармацевтски инспектори од Агенцијата за лекови во соработка со Агенцијата. Фармацевтските инспектори се овластени да земаат мостри од лекови и медицински средства заради испитување на исправноста, да ја утврдуваат количината на лекови и медицински средства, да забранат употреба на лекови и медицински средства за кои претходно не е обезбеден сертификат за квалитет и исправност, да и предложат на Агенцијата за стоковни резерви да ги повлече или уништи определени лекови и медицински средства од стоковните резерви, како и да донесуваат решение и да изрекуваат мерки, согласно со закон.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

„Стабилни инвестиции во обновливи извори – Започна подготовката за воведување на CfD механизам во Македонија“

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ НА ВРВОТ: Имаат најдобри пензии

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ВАЖНО ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ ДА КУПУВААТ ОНЛАЈН: Амазон , Зара, Асос, Зеландо, DHL, H&M и останатите, воведуваат нови правила за враќање кои мора да ги знаете

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДЕНЕС ТРИЈАТ РАЦЕ: За 2.500 денари повисоки пензии

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ПО 142 ГОДИНИ РАБОТА СТАВААТ КЛУЧ НА ВРАТА: Позната германска пекара која постои над еден век затвора

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

ТАТЈАНА ШТЕРЈОВА-ДУШКОВСКА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „КОМОРСКОТО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НУДИ СЕСТРАНОСТ ВО РАБОТАТА И ГОЛЕМ КРУГ НА ПРИЈАТЕЛСТВА“

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки

МОЌНО ГЛОБАЛНО ОРУЖЈЕ Америка ги контролира 20-те најголеми европски банки