Падна одлука: Започнува постапката за разрешување на Јанева
Објавено во: Македонија 29 Август, 2019
Претседателот на Советот на обвинители, Коле Штериев, за време на вториот ден од седницата за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека донеле едногласно решение да се започне разрешување на шефицата на СЈО поради инволвираност во случајот „Рекет“, односно влијание во „Империја“.
- Советот едногласно одлучи дека се исполнети сите услови за да започне постапка за разрешување на јавната обвинителка Катица Јанева. За тоа да го направиме, советот треба да изготви извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието за да истото, согласно своите надлежности, ја продолжи постапката, рече Штериев.
Штериев дополни дека советот ќе се обиде во текот на денот да го заврши извештајот и истиот ќе биде доставен денеска или утре до Собранието на РСМ.
Тој порача дека извештајот ќе преслика дел од исказите во истрагата и доволно податоци за Собранието да моќе да постапува понатаму.
Штериев потврди дека што Јанева официјално ќе биде разрешена, Советот на обвинители ќе одбере вршител на должност на нејзината позиција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.