21 Декември, 2024
0.1192

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вања и Панче се убиени со ист калибар на оружје, Палевски бара изземање на судијата

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

ВАЊА КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА КОГА Е УБИЕНА

На денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес, беа презентирани потресни материјални докази за бруталните ликвидации. Обдукцијата утврдила дека и двете жртви биле изложени на големо физичко страдање пред да бидат убиени.

Вања била застрелана во глава од растојание од половина метар, од задната страна на телото, во момент кога клечела. Анализите покажале дека трагите од кал под нејзините нокти, како и на врвовите на нејзините патики, укажуваат дека се движела низ каллива подлога непосредно пред ликвидацијата.

Обвинителството изнесе и други клучни докази, меѓу кои и фотографии од мобилниот телефон на Панче, пронајден фрлен во трње, и снимки од местото каде што биле откриени телата. Телото на Панче било закопано во плитка дупка од 60 сантиметри длабочина и 160 сантиметри дијаметар, каде што била пронајдена и чаура од куршум.

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски вели дека се работи за монтиран случај.

РУСИТЕ ЈА ПОГОДИЈА И МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ, ИСПРАТЕНА Е ПРОТЕСТНА НОТА

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево е повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.

Притоа, на рускиот амбасадор му е врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Македонија, соопштуваат од Министерството. Повредени нема во нападот. 

СКОПЈЕ Е ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО

На листата на air visual, Скопје вечерва е 4-от најзагаден град во светот. 

Прв е Њу Делхи во Индија, втор е Лахоре во Пакистан и трет е Дака во Бангалеш. Скопје, Струмица, Кичево и Битола вечерва се многу високо загадени. И синоќа  по 21 часот, во повеќето македонски градови воздухот беше многу високо загаден. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Странскиот инвеститор „Вабтек“ ланската згуба ќе ја покрива од идното работење на компанијата. Ваква одлука треба да донесе Собранието на акционери на компанијата на вонредната своја седница која ќе се одржи после Новогодишните и Божикните празници, или поточно на 21 јануари наредната година. А, ова покривање на загубата веќе го одлучил Управнииот одбор на компанијата завчера, и сега бара одлуката да ја „аминува“ Собранието на акционерите.

Поранешниот министер за образование, како и министер за труд и социјална политика, Спиро Ристовски како нов сопственик го презеде под свое водство фамилијарниот бизнис со компанијата за меѓународен транспорт „Еуро Линес“ Скопје.

Вредноста на МБИ-10 за една година е зголемена за 66%, a oва само по себе кажува каква била годината што изминува на Македонската берза за хартии од вредност

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РУСКИОТ АМБАСАДОР Е ПОВИКАН ВО МНР: Македонија врачи протестна нота по нападот на амбасадата

РУСКИОТ АМБАСАДОР Е ПОВИКАН ВО МНР: Македонија врачи протестна нота по нападот на амбасадата

УЖАС: Скопје вечерва е 4-от најзагаден град во светот

УЖАС: Скопје вечерва е 4-от најзагаден град во светот

ЦРН РЕКОРД: Скопје е најзагаден град во Европа

ЦРН РЕКОРД: Скопје е најзагаден град во Европа

ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е МОНТИРАН: Чаурата која беше прoнајдена во близина на Велес е вештачена, но не е доставена како доказ

ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЧАЈОТ Е МОНТИРАН: Чаурата која беше прoнајдена во близина на Велес е вештачена, но не е доставена како доказ

ПОГОДЕНА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ: Нема повредени, велат од МНР

ПОГОДЕНА МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО КИЕВ: Нема повредени, велат од МНР

ВАЊА БИЛА ЖИВА ПРЕД ДА БИДЕ ЛИКВИДИРАНА, КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА: Обвинителите презентираа потресни материјални докази и за Панче Жежовски

ВАЊА БИЛА ЖИВА ПРЕД ДА БИДЕ ЛИКВИДИРАНА, КЛЕЧЕЛА НА КОЛЕНА: Обвинителите презентираа потресни материјални докази и за Панче Жежовски

ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ЗАМЕНА НА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ: налепниците се достапни за сите граѓани

ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ЗАМЕНА НА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ: налепниците се достапни за сите граѓани

САНАЦИЈАТА НА ГЛАВНИОТ ВОДОВОД ЌЕ ЗАВРШИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 15 ЧАСА: Скопје утре без вода, ЈП „Водовод и канализација“ со сите детали

САНАЦИЈАТА НА ГЛАВНИОТ ВОДОВОД ЌЕ ЗАВРШИ ЗА ПОМАЛКУ ОД 15 ЧАСА: Скопје утре без вода, ЈП „Водовод и канализација“ со сите детали

СТУДЕНТИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ, ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НА УЛИЦА: Бараат враќање на бесплатниот превоз

СТУДЕНТИТЕ СЕ ЗАКАНУВААТ, ЌЕ ИЗЛЕЗАТ НА УЛИЦА: Бараат враќање на бесплатниот превоз