05 Декември, 2025
0.0474

Падна првата приватизациска зделка, се продаде дел од грчката лотарија

Објавено во: Балкан 02 Мај, 2013 09:47

Добивај вести на Viber

Грција ја заврши својата прва голема приватизациска зделка и продаде 33% од државната лотарија ОРАР на единствениот кандидат,  инвестицискиот фонд „Emma Delta“, соопшти Би Би Си. За да се дојде до договор, грчко-чешката компанија во која две третини поседува Јиржи Шмејцел, додека третина од акциите се во сопственост на  Јоргос Мелисанидис, требаше да оддели дополнителна сума. Иако првичниот предлог беше 622 милиони евра, беше одбиен од властите како прениска сума за лотаријата, по што таа се качи на 652 милиони евра.
„Групацијата „Emma Delta“ во одговорот на барањето на HRADF денеска ја зголеми цената за 30 милиони евра , со што за 33 отсто од вредноста на OPAP понуди 652 милиони евра. Вкупната вредност на трансакцијата ќе изнесува 712 милиони евра, којашто ја вклучува, покрај 652-та милиони евра, и дивидендата за 2012 година во обем од 60 милиони евра, коишто ќе ги добие грчката држава", стои во соопштението на грчката агенција за приватизација. Во 2013 година владата воведе дополнителен данок од 30 отсто на бруто приходите од игрите на среќа, што, како што се очекува, ќе обезбеди приходи од 6,3 милијарди евра во следните десет години, намалувајќи ја за истиот износ и профитабилноста на лотаријата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии