Пад на потрошувачката на струја во јануари
Објавено во: Економија 25 Април, 2013 19:08
Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија во јануари годинава во Македонија изнесуваше 892.781 мегават часови, што во споредба со истиот месец од претходната година е пад за 8,95 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Притоа во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествува со 26,72, а бруто-домашното производство со 73,28 отсто. Вкупниот увоз, пак, на природен гас во земјава во јануари годинава изнесуваше 32,262 милиони нормални метри кубни, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 14,83 отсто.Најголема потрошувачка на природен гас од 89,23 отсто е забележана за енергетски трансформации, додека за финална потрошувачка остануваат 10,44 отсто од вкупно расположливиот природен гас, посочуваат од ДЗС.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




