Падот на натстрешницата во Нови Сад му ги скрати плановите на генијалниот Васко Саздовски: Една година од ужасната трагедија во која загина и Македонец
Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2025 16:02
Денеска се навршува една година од трагичната смрт на Васко Саздовски, македонскиот научник од Свети Николе, кој го загуби животот во несреќата на железничката станица во Нови Сад, кога се урна натстрешницата што го покриваше перонот.
Со неговата смрт, Македонија изгуби еден од своите највредни умови – човек со визија, знаење и искрена желба да ја промени својата земја на подобро.
Васко Саздовски беше доктор на науки, со диплома од престижниот Универзитет Кренфилд во Обединетото Кралство. Како првенец на генерација на Воената академија, тој од најмлади години се истакнуваше со интелигенција, труд и упорност.
По долгогодишно усовршување во странство, своето знаење сакаше да го вложи дома, во Македонија. Работеше на иновативни проекти во областа на агротехнологијата, меѓу кои и робот за одгледување стевија – идеја која, за жал, не доби поддршка од домашните институции.
Во моментот на несреќата, Саздовски работеше како научник во Институтот „Биосенс“ во Нови Сад, каде што со посветеност го истражуваше спојот меѓу информатичките технологии и земјоделството. Колегите го опишуваат како тивок, скромен, но извонреден ум со големо срце.
Зад себе остави сопруга, две деца и бројни незавршени соништа – доказ дека Македонија изгуби не само научник, туку и човек кој ја сакаше својата земја повеќе од сè.
Извор: Женски Магазин* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





