Падот на турската лира ги мотивираше граѓаните за шопинг во Истанбул, моментално сѐ е поевтино одошто во Скопје
Објавено во: Економија 16 Декември, 2021 07:03
Со недели варира вредноста на турската лира, што донесе загриженост и протести во Турција, но тоа мотивираше дел од македонските граѓани токму во овој период да го посетат Истанбул, да одат на шопинг и да уживаат покрај Босфорот.
Некои од граѓаните имаат роднински и деловни врски во Турција, и периодoв можат да си дозволат да купат многу повеќе од вообичаено затоа што лирата е на ниско ниво. За прв пат во историјата на Турција се случи едно евро да се тргува за повеќе од 16 турски лири.
„Истанбул градот на 2 континенти, 7 рида, еден од поромантичните градови на светот, градот со милиони жители, градот кој важи за „must see", последните 4,5 години од политички причини е во финансиска инфлација. Падот на лирата го достигна врвот во Турција. Едно евро достигна 16.30 лири. (Ако пред 4,5 години за едно евро се добиваа 4 лири, сега 1 евро е 16,30 турски лири.) Последните месеци големата секојдневна промена на лирата придонесе да гледаме и автобуски реклами за туристички посети на Истанбул со ноќевања и за 100 евра. Нашиот народ од секогаш бил турист во Истанбул, Р.Турција. Моменталната ситуација можеби придонесува за понудената цена да отиде и тој што никогаш не бил. На прашањето дали е евтино и што е евтино, јас можам да кажам: За тој што има пари секогаш и секаде е евтино. Реалната слика е дека овој период во Истанбул сѐ е поевтино од Скопје. (Од храна во ресторан, кафе барови, до гардероба во молови, такси превоз и тн.) Пример еден чај е 5 лири. Вода 2 лири, кафе лате во STARBUCS e 14.5 лири. Порција ќофте околу 40 лири. Порција риба има од 40 , 60, 80 лири (За сечиј вкус и за сечиј џеб има што да се вкуси). Цените што ги наведов не се од елитни ресторани!!! Истанбул е град кој бил посетуван, како и денес. Бројот на туристите не може да се каже дека денес е поголем или помал. Истанбул е град со енергија, со љубов и како што кажав и предходно тоа е место за ,,must see in your life" ако имате желба и можност, одлучете се за ,,мал одмор", вели Риана Рамиз од Скопје, која како коорднинатор на Хирургија за дебели лица на др.Гурдал Орен во Истанбул е секој месец веќе 4 години.
Македонските туристички агенции лоцирани во главниот град велат дека за посета на Истанбул редовно има интерес. Дека имаше навалица за шопинг во Турција, покажува и фактот што многу Бугари заминуваат во градот Едрене за да пазарат. Во просек трошеле по 500 евра по лице. Официјалните податоци од Трговската комора на градот Едрене покажуваат дека за шопинг во градот преку викенд доаѓаат околу 12.000 туристи од соседните држави, а во текот на неделата бројката се движи од 6.000 до 7.000. Лирата паѓаше и во 2015, 2018, но и ова година доживува неславни рекорди.
Сања Атанасовскаfoto EPA
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




