Добивај вести на Viber
За 14,7 % помалку одобренија за градба се издаден во месец мај 2013 година во однос на истиот месец лани, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во однос на предвидената вредност на објектите, таа годинава во мај изнесува 1,7 милијарди денари денари или за 24,2 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 168 или 80,4 отсто се наменети за објекти од високоградба, 23 објекти односно 11 отсто за објекти од нискоградба и 18 или 8,6 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 209 објекти, на 162 како инвеститори се јавуваат физички лица, останатите се деловни субјекти, јавуваат од Статистика.