ПАДНЕ ЛИ БИЗНИСОТ, ПАЃА И ЕКОНОМИЈАТА: Текстилниот сектор не сака избори
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018 06:45
Текстилниот сектор ќе биде силно погоден ако има нови избори. Ова се алармирањата кои стигнаа од текстилната индустрија.
Инвеститорите нема да инвестираат во земја каде владее нестабилна политичка ситуација, а бизнисот ќе трпи.
Ова се пораките кои ги упати првиот човек на текстилците Ангел Димитров.
Според Димитров сите чекаат да дојде ноември, а изборите ќе предизвикаат погудби денови за извозно-ориентираните фирми од текстилната индустрија, но и за целото стопанство.
„Ако има избори, бизнисот ќе биде на удар. Целата енергија ќе се насочи кон нив, а ако паѓа бизнисот тоа значи дека ќе падне и целата економија во државата“, посочува Димитров.
Но, не само изборите се проблем за текстилната индустрија. Квалификуваните кадри во овој сектор се голем проблем а ѕвончето одамна ѕвони.
Димитров предупредува дека за десет години бројот на текстилци е во пад за над 5.000 вработени а трендот ќе продолжи да се намалува и во иднина.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




