19 Декември, 2025
0.0726

Пакети со облека за 11 илјади семејства во социјален ризик

Објавено во: Економија 15 Мај, 2013 13:30

Добивај вести на Viber

Над 11 илјади повеќедетни, згрижувачки и семејства со самохрани родители преку центрите за социјална работа ќе добијат пакети со облека, информира на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

- Министерството за труд и социјална политика, по повод „Меѓународниот ден на семејството“ започнувајќи од денеска во текот на овој месец преку центрите за социјална работа ќе дистрибуира пакети со облека до 11.325 повеќедетни семејства, згрижувачки семејства, како и семејства со самохрани родители, кои се донација на Mezitli Social Welfare Solidarity Endowment од Мерсин, Турција, рече Ристовски.

Додаде дека за оваа цел ќе биде искористена и текстилната роба и обувките кои Царинската управа, односно Агенцијата за управување со одземен имот, им ја отстапи на Министерството за труд и социјална политика, а којашто дел ќе биде прераспределена на јавните установи од областа на социјалната заштита.

- Како Министерство за труд и социјална политика и како Влада на Република Македонија продолжуваме да работиме на унапредување на политиките во насока на давање секаков вид поддршка на семејствата којшто имаат потреба од нас, имајќи предвид дека државата секогаш била репрезентативен заштитник на семејството, изјави Ристовски.

Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, рече тој, како силни поддржувачи на духот на семејството и традиционалните вредности, организираат голем настан кој ќе се одржи на 18 мај 2013 година на популарно наречената „Школка“ во градскиот парк во Скопје, од 12 до 14 часот.

За настанот е предвидена двочасовна програма со забавни активности и анимација за најмалите и нивните семејства од страна на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје и членовите на детскиот хор „Златно славејче“.

Преку ова, како што нагласи министерот, тие на достоинствен начин ќе потсетат дека семејството е универзална категорија којашто ги одржува заедниците, меѓусебно ги поврзува и е една од вредностите врз кои се гради иднината на младите генерации.

Денеска е Меѓународен ден на семејството,  утврден од страна на Генералното собрание на ОН, пред 20 години.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар