15 Декември, 2025
0.0271

Пакистан и Турција бараат мирен излез од кризата во Јемен, Иран е поканет да помогне

Објавено во: Свет 07 Април, 2015 20:14

Добивај вести на Viber

Премиерот на Пакистан Наваз Шариф изјавил дека неговата земја и Турција разговарале да се најде начини за постигнување на политичко решение на конфликтот во Јемен и дека го поканиле и Иран да се вклучи во постигнувањето на решението.

„Иран исто така треба да се приклучи на дискусијата и да се процени дали неговата политика е точна“, изјавил Шариф пред пакистанскиот парламент.

Неговата изјава беше за време на дебатата за тоа дали Пакистан ќе учествува во преговорите предводени од Саудиска Арабија за воена операција против шиитските бунтовници во Јемен.

Како дел од иницијативата на Анкара турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретна во Техеран со иранскиот претседател Хасан Рохан. „Се договоривме дека војната во Јемен треба да престане и дека треба да и помогнеме за обновата на мирот и безбедноста во земјата“, изјавил Ердоган по разговорите. „Треба во обединет фронт да ставиме крај на убиствата и крвопролевањата“, додал тој.

Веста од иранската престолнина дојде откако владата во Ријад официјално ја покани Анкара да се вклучи со војници, авиони и воени бродови во операцијата против јеменските бунтовници поддржани најверојатно од Техеран.

На дебатата во пакистанскиот парламент многумина пратеници се изјаснија против интервенцијата во Јемен. Пред пратениците Шариф, рекол дека ќе се поврзе со шефовите на Малезија и Индонезија, за да побара поддршка од муслиманскиот свет за наоѓање на мирен излез од кризата во Јемен.

Утре иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ќе биде во Пакистан, како што дознаваат агенциите најверојатно главна тема во разговорите ќе биде Јемен. За крајот на неделава Шариф планирал посета на Турција.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев